На 6.11.2024 година Македонското научно друштво – Битола ја организираше промоцијата на книгата „Разбуди го родителот во себе“ од проф. д-р Соња Китановска – Кимовска, член на Друштвото. Настанот го водеше Софија Ристевска, а промотори беа проф. д-р Олга Мурџева-Шкариќ и проф. д-р Сашо Кочанковски кои истакнаа дека станува збор за книга која е напишана на едноставен јазик и која преку лични примери од животот на авторката, но и преку претставување научни резултати од областа на родителството и развојната психологија нуди корисни методи и постапки кои ќе им помогнат на родителите да изградат успешна комуникација со своите деца. Во вториот дел од настанот авторката Китановска-Кимовска организираше работилница и интерактивна сесија со многубројната публика и практично демонстрираше дел од клучните концепти и методи кои таа ги елаборирала во книгата. Настанот се одржа во Дом Софија – Битола.