На 5 мај 2025 година, Македонското научното друштво – Битола организираше работилница по повод осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик на тема „Неологизмите во македонскиот јазик“. Работилницата се одржа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, а ја реализираа м-р Елизабета Јончиќ и м-р Марија Стојаноска со ученици од речиси сите средни училишта во Битола (СОУ Гимназија „Јосип Броз -Тито“ – Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов” – Битола, СОУ „Таки Даскало“ – Битола, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола, СОЗУ „Кузман Шапкарев“, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Државно музичко училиште – Битола, ДСУ „Спортска академија“ – Битола и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ дисперзирани паралелки Битола). На настанот свое обраќање имаше и проф. д-р. Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Македонското научното друштво – Битола, која зборуваше за важноста на јазикот во различни општествени контексти, особено во книжевноста. Работилницата се разговараше за тоа колку се посветува внимание на неологизмите во македонскиот јазик, дали тие заживуваат или исчезнуваат после многу краток период од нивното појавување. Неологизмите како новосоздадени зборови се важни за збогатување на нашиот јазик и треба да се вложи голем труд за тие да опстанат во еден јазик затоа што потребно е многу време еден неолигизам да заживее и да почне активно да се употребува — истакна м-р Марија Стојаноска. Важен сегмент од неологизмите на македонскиот јазик се и авторските неологизми, кои се новосоздадени творби на еден конкретен автор или авторки и поретко заживуваат во практиката затоа на нив треба да се посвети уште поголемо внимание и младите генерации треба да се запознаат со овие видови зборови, не само од минатата туку и од современата литература — рече м-р Елизабета Јончиќ.Тие, исто така, ја потенцираа и важноста на 5 мај како датум на усвојување на македонската азбука и 2025 година како јубилејна година од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.


