МЕМОРАНДУМ ЗА НАУЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАНУ и МНД-Битола

Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ и Македонско научно друштво-Битола, во присуство на претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, потпишаа меморандум за научна соработка во областа на науките и уметностите.

Меморандумот го потпишаа раководителот на Центарот, академик Владо Камбовски и претседателот на МНД-Битола Марјан Танушевски. Со документот се овозможуваат размена на информации, покренување на заеднички научни проекти и студии во областа на општествените науки, како и заеднички настапи пред меѓународни донатори со посебен акцент на европските фондови.

 

Close Menu