ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „ОНА ШТО СЕ ПАМЕТИ ЖИВЕЕ“ ВО БИТОЛА

Македонското научно друштво – Битола (МНД) и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) организираат промоција на „Она што се памети живее“ – книгата што го чествува споменот на некои од книжевниците – членови на Друштвото на писателите на Македонија, а дел од нив и членови на Македонското научно друштво – Битола. Промоцијата ќе се одржи на 6.4.2026 (понеделник) во 17 часот во Салата за промоции на втор кат при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Петар Андоновски, Милица Димитријовска Радевска, Елизабета Јончиќ, Ирена Јурчева, Фросина Пармаковска, Добре Тодоровски ќе зборуваат за Драги Михајловски, Лилјана Дирјан, Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов и Никола Кочовски, а настанот ќе го модерираат проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД и Живко Грозданоски, претседател на ДПМ.