Раде Силјан

Раде Силјан (Жван, Демирхисарско, 16 април 1950) — македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Силјан е роден е на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско. Дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на насоката југословенска книжевност. Во однос на работното искуство, Силјан бил главен уредник на третата програма на Македонското радио, работел како новинар во „Студентски збор“ и „Наш свет“, а бил директор на книгоиздателството “Македонска книга”. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството “Матица македонска” од Скопје. Силјан е член на ДПМ од 1982. Во два мандати бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија (2008-2014), а еднаш бил и претседател на Собранието на ДПМ..


 

 

Библиографија

  • Третиот лик на времето (поезија, 1975),

  • Сенки на јавето (поезија, 1980),

  • Принајден облик (критики и есеи, 1986),

  • Дијалог со времето (критики и есеи, 1988),

  • Гласник (поезија, 1989),

  • Македонска поезија XIX век (антологија, 1989)

  • Македонска драма XIX и XX век (антологија, 1990)

  • Заѕидување на сенката (поезија, 1990),

  • Магијата на зборот (критики и есеи, 1991),

  • Македонска поезија во XIX и XX век (антологија, 1992)

  • Сто години македонска драма (антологија, 1992)

  • Нова и современа македонска поезија (антологија, 1996)

  • Модерна македонска поезија (антологија,1997)

  • Литературни координати (критики и есеи, 1999),

  • Пресликано време (поезија, 1999),

  • Прилози за наставата по литература во пет книги (критики, 2000).

  • Гласот на предците (поезија, 2001)

  • Забранета одаја (антологија – раскази, 2004)

  • Горчлив вилает (поезија, 2006)

  • Македонски писатели и дела кн. 1 (критики и есеи, 2006)

  • Сенки на татковината (поезија, 2007)

  • Македонски писатели и дела кн. 2 (критики и есеи, 2008)

  • Македонија пее (антологија, 2008)

  • Македонската литературна критика (антологија, 2008)

  • Македонски раскази (антологија, 2008)

  • Врвови (поезија, 2008)

  • Кругови (поезија, 2009)

  • Завештанија (поезија, 2010)[1]

  • На мегдан за татковината (поезија, 2010)

  • Огледи за македонската поезија (критики и есеи, 2010)

  • Огледи за македонската литература (критики и есеи, 2010)

  • Текови на македонската литература (критики и есеи, 2011)

  • Молитвење (поезија, 2011)

  • Блажена (поезија, 2012)[2]

  • Нова и современа македонска поезија (критики и есеи, 2012)

Коавтор е на петтомната едиција Македонската книжевност во книжевната критика (1973/74). Во 2010 год. книгоиздателството „Матица Македонска“ објави избрани дела во шест тома од творештвото на Раде Силјан.

Награди

  • Студентски збор – 1975

  • Кочо Рацин – 1986

  • Награда за најдобра критика – 1987

  • Браќа Миладиновци – 1990

  • Арџесис, Букурешт – 1993

  • Ацо Шопов – 1999

  • Димитар Митрев – 2001

  • Гоцева повелба – 2001

  • Вејла кутија – 2008

  • Кочиќево перо, Бања Лука – 2008

  • Златна фортуна, Киев – 2008

  • Un poeta per la pace, Трст – 2010

  • „11 Октомври“, државна награда за животно дело – 2010

  • Михај Еминеску, Крајова, Романија – 2011


Наводи

  1. На мегдан за татковината – Раде Силјан, Скопје 2010

  2. Блажена – Раде Силјан, Скопје 2012

  3. Блажена – Раде Силјан, Скопје 2012