проф. Здравко Божиновски

 

 

 

 

 

 

 

Проф. ЗДРАВКО БОЖИНОВСКИ, научен работник, македонист, фолк- лорист, писател, поет, препевач на светската класична поезија, лектор по професија, и еден од најстарите членови на Македонското научно друштво во Битола (1963), роден на 01. 10. 1940 г. во с. Барешани, Битолско, Гимна- зија заврши во Битола, а Филозофски факултет, група Југословенска книжев- ност и македонски јазик, во Скопје.

Во 1968 год. се вработи како лектор, а потоа како Советник за заштита на македонскиот јазик во Собранието на Општината Битола, од каде во 2005 г. замина во пензија.

Печатени 11 книги и 35 научни статии од областа на нашата нацио- нална  историја, литература и македонскиот јазик.

Учество со реферати на 19 конгреси и симпозиуми.

Печатени 14 збирки со македонски препеви од руски и од англиски јазик на четиринаесет илјади (14.000) стихови од поезијата на 8 светски кла- сични поети.

Книгите и збирките со препеви, 31 издание, печатени се во тираж од четириесет илјади (40.000) примероци!

Добиени 17 национални и интернационални награди и признанија.

Внесен e во Македонската енциклопедија.

 

Ел. пошта : zdravkobozinovski@yahoo.com

 

 

             =============================================================

 ДОБИЕНИ 17 НАЦИОНАЛНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

 

  • Внесен сум во Македонската енциклопедија;
  • Наградата „4 Ноември“ на Општината Битола, (1988 г.);
  • Наградата „8 Септември“ на Општината Крушево, (1997 г.);
  • Наградата „2 Септември“ на Општината Демир Хисар, (1989 г.);
  • Главната премија Медал за лауреат со Диплома, со кои бев удостоен од Советот на Фондот за култура на гр. Уфа, Башкортостан (Автономна Република во состав на Руската Федерација), за моето учество на Меѓународниот конкурс „Мы читаем Мажита Гафури“ („Ние го читаме Мажит Гафури“), со две мои стихотворби на руски јазик: „Мир так маленкий“ (Светот е толку мал“) и „В честь Мажита Гафури“, (2013 г.);
  • Бронзена плакета „25 години Македонско научно друштво-Бито– ла“, (1985 г.);
  • Плакета за придонесот во афирмацијата на научната мисла во Македонското научно друштво-Битола, (2007 г.);  
  • Сребрена плакета „50 години Македонско научно друштво-Битола“, (2010 г.);
  • Кристална коцка со Благодарница од Македонското научно друштво- Битола, по повод 60 годишниот јубилеј, заради особениот придонес во афирмацијата на Друштвото (2020 г.);
  • Наградата „Григор Прличев“ доделена од Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Македонија за збирката „Песни и поеми“, со мој препев од руски јазик на поезијата од А. С. Пушкин, (2005 г.);
  • Повелбата 30 Септември“ (Меѓународен ден на светскиот преведу- вач), добиена од Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Македонија за збирката „Поезија“, со мои препеви од руски јазик на поезијата од Александар С. Пушкин, Михаил Ј. Лермонтов и Сергеј Есе- нин, (2013 г.);
  • Трета награда на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови 1993“, (1993 г.);
  • Благодарница од министерот за култура, Слободан Унковски, заради мојот особен придонес како надворешен соработник во изготвува- њето на Законот за македонскиот јазик, (1998 г.);
  • Благодарствено писмо добиено од Советот на Фондот за култура на градот Уфа (Автонимна Република со состав на Руската Федерација), заради мојот македонски препев на поезијата од башкирскиот национа- лен поет Мажита Гафури, (2011 г.);
  • Благодарница од НУБ „Св. Климент Охридски“-Битола за плодната соработка со Библиотеката , (2007 г.);
  • Заради мојот особен придонес во заштитата на македонскиот јазик, од страна на Советот за македонски јазик при Министерството за култу- ра доделен ми е сертификат за Лектор по македонски јазик без полагање лекторски испит,( Уверение бр.14-279/2 од 12.06.1999 г.) ;
  • Од Здружението на лекторите во Р. Македонија бев назначен за Раководител на групацијата Лектори во јавната администрација.

                                                       

 

                                                     ПЕЧАТЕНИ  КНИГИ

 

  • „Тука е Македонија“, антологиски зборник со комитски народни песни (коавтор д-р Д.Константинов), издав. НИП „Нова Македонија“ 1969;
  • Веле Марков“, документарна повест, јубилејно издание по повод 95 годишни- ната од загинувањето на овој крушевски војвода, издав. Македонското научно друштво-Битола, две изданија1997 и 2002;
  • Во пламенот на Вториот Илинден, Воено–политичка монографија на Демир Хисар 1919–1945“ (коавтор Богоја Јоновски, командант на Вториот кру- шевски партизански одред „Питу Гули“), издав. ОО на СЗБ НОВМ – Демир Хисар, Битола, 1998;
  • Македонија над сѐ“, сеќавања од Стојан Георгиев Томовичин, претседател на ОМО „Илинден“, Република Бугарија, подготвил Здравко Божиновски, издавaч Македонското научно друштво-Битола, БГЗ „Киро Дандаро“, Битола, 1990;
  • Творби“ (избор од творештвото на Браќата Миладиновци), школска лектира за VII одделение, издавач НИК „Наша книга“, Скопје, 1967;
  • „Остап Бендер на нашето време“, единствена сатирична поема во маке- донската литература, издав. Македонското научно друштво-Битола, две изда- нија – 2003 и 2016;
  • „Крвавиот бој во Параловските Чукари и јуначката смрт на Ѓорѓи Сугарев“, јубилејно издание по повод 130-годишнината од раѓањето и 100 годишнината од загинувањето на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев, издав. Македонското научно друштво-Битола, две изданија – 2006 и 2016;
  • „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“, универзален џебен прирачник, издав. Македонското научно друштво-Битола, три изданија – 2008, 2009 и 2010;
  • Статии за македонската национална историја, македонската борбена пое- зија, заштитата на македонскиот јазик и др.“, издав. Македонското научно друштво-Битола, 2011;
  • „Поема за прелестното П“, единствена поема во македонската литература чии зборови почнуваат на буквата П, битолски неделник „Его“, 29. 2011 год.; Списание за литература и култура „Раст“, бр. 9, Битола 2012; битолски Магазин за хумор и забава „Без навреда“, бр.57, април 2012;
  • „Сказна за царот Самоил“, единствена сказна со класични стихови во македонската литература, печатена по повод 1000 годишнината од битката кај Беласица и смртта на царот Самоил, Книгоиздателство „Феникс“, Скопје, 20

 

 

УЧЕСТВО СО РЕФЕРАТИ НА (ИНТЕР)НАЦИОНАЛНИ КОНГРЕСИ И СИМПОЗИУМИ

 

  • „Предилинденскиот период во македонската комитско-револуционерна народна поезија“, Симпозиум „Илинден 1903“, Охрид, 27-28 мај 1968;
  • „Процесот на националното осознавање на македонскиот народ одразен во македонската народна поезија“, V Конгрес на историчарите на Југосла- вија, Охрид, 5-7 септември 1969;
  • „Неколку песни за Ѓорче Петров“, Симпозиум по повод 50-годишнината од убиството на Ѓорче Петров во Софија, Прилеп, 1971;
  • „Влијанието на ајдутскиот и комитскиот циклус врз македонската народна поезија од НОВ“, Симпозиум „Развојот и карактеристиките на НОВ и Револу- цијата во Македонија“, организатор – МАНУ, Скопје, 1971;
  • „Борбената народна поезија – идејно оружје на македонскиот народ во борбата против фашизмот“, Симпозиум „АСНОМ-неговото значење и одглас“, организатор – МАНУ, Скопје, 1974;
  • „Револуционерната поетска заоставштина на Видан Темелков Јанакиев- ски“, Симпозиум „Битола и Битолско во НОВ, 1941-1942“, Битола, 1977;
  • „Битолските партизански песни“, ХХХI Конгрес на фолклористите на Југославија, Радовиш, 1984;
  • „Делбата на татковиот имот во македонската народна поезија“, Симпозиум „Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“, Прилеп, 1990;
  • Прокламацијата на Џузепе Гарибалди до јужнословенските народи за нивно ослободување од Австрија и Турција“, Научен собир „Македонско-италијанските врски“, Битола, 1996;
  • „Пионерската акција на Општината Битола за операционализирањето на чл. 7 од Уставот на Република Македонија“, Симпозиум „Загрозеноста и заштитата на македонскиот литературен јазик“, Битола, 1997;
  • „Резолуција за конкретна примена на нормите од македонскиот литера– турен јазик и неговото кирилично писмо во службената и во јавната комуникација на подрачјето од Општината Битола“, Симпозиум „Загрозе- носта и заштитата на македонскиот литературен јазик“, Битола, 1997;
  • Битолскиот ’темен вилает’ и странските дипломатски претставништва во Битола“, Симпозиум „Македонско-британските врски“, Битола, 2002;
  • Организатор и реализатор на Симпозиумот „Рускиот императорски кон- зулат во Битола, 1861–1915“, одржан во хотелот Молика на Пелистер, 1.Х – 1.ХI. 2003, на кој настапив со два реферати:

-Отворањето на Рускиот императорски конзулат во Битола-1861 г.“ и                                            -Пренесувањето од Битола на телото на убиениот руски императорски  конзул Александар Аркадјевич Ростковски и неговиот погреб во Одеса“;

  • „Одгатната историската енигма : Кој беше единствениот преживеан кoмита од уништената чета на Ѓорѓи Сугарев“, Осма пелагониска културно–научна средба, с. Новаци (Битолско), 25 јуни 2008;
  • „Најновите дострели во македонскиот уметнички препев на руската кла- сична поезија“, Петта македонско-руска научна, литературна и јазична кон- ференција, Охрид, 17-19 2012;
  • „Неуспешен хибрид на Ефтим Клетников“, 41 Меѓународна средба на лите- ратурните преведувачи од Македонија, Лешочки манастир, 23.08. 2012;
  • „Јазичните перформанси во уметничкиот препев на македонски јазик на поезијата од Пушкин, Лермонтов и Есенин со конкретни примери и коментари“, 42 Меѓународна средба на литературните преведувачи од Маке- донија, Лешочки манастир, 26 август 2013;
  • „Стихотворбата ’Смртта на Поетот‘ од Лермонтов напишана по повод трагичната смрт на Пушкин, како автоепитаф на самиот нејзин автор“, Седма македонско–руска научна конференција во рамките на Меѓународната славистичка средба, Филолошки факултет „Блаже Конски“, Скопје, 15-16 јуни 2017;
  • „Разочарувачки препев на ‘Гарванот’ од Едгар Алан По, извршен од Марина Попанкова“, 43 Меѓународна средба на литературните преведувачи од Македо- нија, Лешочки Манастир, 29-30 август 2017.

 

 

НАУЧНИ СТАТИИ ОД ОБЛАСТА  НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, ЛИТЕРАТУРА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК         

 

 

  • За употребата на најпознатите стилски фигури во нашата комитско револуционерна народна поезија“, сп. „Прилози“, бр. 9, Битола, 1968;
  • Битола во песната“, осврт врз книгата „Битола, бабам Битола“ од Филип Каваев, Битолски весник бр.268 од 12.08. 1970;
  • Класно-социјалниот и антифеудалниот карактер на ајдутството и на-родниот поет“, сп. Прилози“, бр. 15, Битола 1970;
  • Револуционерната поетска заоставштина на Видан Темелков Јанакиев- ски“, Зборник со материјали од симпозиумот Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942“, одржан на 11-13 април 1977 г., издав. Македонското научно друштво-Битола, книга II, 1978;
  • Струговската афера во 1923 г.“, зборник Научна мисла, Том II, издав. Македонското научно друштво-Битола, 1981;
  • Трагедијата во с. Ракитница, Демирхисарско, во 1902 г.“, фељтон, в. Нова Македонија, 21-27 јуни 1982;
  • Оружените акции на двата партизански одреди, Даме Груев и Питу Гули во 1942 г.“, фељтон, в. Нова Македонија, 27 јули – 1 август 1982;
  • Опеаноста на Битола“, Монографија за Битола, издав. Македонското научно друштво-Битола, 1985;
  • „Дали вистината е тука“?“, статија за убиството на Кочо Рацин, вес. Нова Македонија, 15 февруари 1990;
  • „Гревот“ на Тупурковски“, критичка статија за написот „До кога заблуди?“ од Павле Чекорот, в. Нова Македонија од 25.11.1993;
  • Кој со ѓаволот тикви сади…“, критичка статија, Битолски весник, 2 ноември 1994;
  • Квазинаучното во науката“, критичка статија за „научните“ фалсификати на Трајко Oгненовски, Битолски весник од 19.10. 1994;
  • Дали војните во Македонија беа ослободителни?“, в. Нова Македонија, 8 јуни 1996;
  • Кога факултетски професор по македонски јазик не го познава македон- скиот правопис“, критичка статија, в. Нова Македонија од 19.12.1998;
  • Мојата земја“, патриотска стихотворба објавена во Пирински пламен, додаток на весникот Народна волја, бр 6, 2000 г., Благоевград, Р.Бугарија;
  • Војводата-социјалист Веле Марков“, сп. „Македонско време“, бр. 73 и 74, ноември-декември 2000, Скопје;
  • За јазичната проституција во културата и политиката“ (коавтор Билјана Дојчиновска), есеј, битолски неделник „Јавност“, бр.30 од 2.12.2003;
  • „Квазипромоциите на Александар Стерјовски“, критичка статија, Битолски весник, 16 јули 2003;
  • Во присуство на лекторот“, Битолски весник, 10 септември 2003;
  • Андартското клање во с. Ивени, Мариовско – увод во параловската тра- гедија“, сп. „Прилози“ бр.3-4, Битола, 2004;
  • „Бескрупулозните невистини на Александар Стерјовски“, критичка ста- тија, Битолски весник, 31 март 2004;
  • Битолскиот ‘темен вилает’ и странските конзуларни претставништва во Битола во почетокот на т.н. Конзулски период, низ призмата на британ- скиот конзул Чарлс Џон Калверт“, зборник со трудови од Симпозиумот „Македонско-британските врски“, издавач Македонското научно друштво-Бито- ла, 2006;
  • Квазилекторството на Трајко Огненовски“, критичка статија, битолски не- делникЕго“, 11. 09. 2008;
  • Лутањата на Јован Ѓуровски во врска со квазилекторствот на Трајко Огненовски“, битолски неделникЕго, 30.10 2008;
  • Одгатната историската енигма : кој беше единствениот преживеан ко- мита од четата на Ѓорѓи Сугарев?“, битолски неделник „Его“, бр. 172 од 18.09.2008;
  • Битолчанецот од Мичиген, САД, Марк Шоболев, добитник на Иселе- ничка грамота, за 2009“, Битолски весник, 10.2010;
  • „150 години од отворањето на Рускиот императорски конзулат во Битола во 1861“, битолски неделник „Его“, бр. 276 од 05.05.2011 г.; зборник „Рускиот императорски конзулат во Битола, 1861-1915“, издавачи Институтот за национална историја – Скопје и Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, Свети Николе, 2015;
  • Пренесувањето на телото на убиениот руски конзул Ростковски од Битола и неговиот погреб во Одеса“, битолски неделник „Его“, бр.277 од 12.05.2011 год.; зборник „Рускиот императорски конзулат во Битола, 1861-1915“, издавачи Институтот за национална историја и Меѓународниот славјан- ски универзитет „Г. Р. Державин“, Свети Николе, 2015;
  • Гарибалди и неговата Прокламација до јужнословенските народи за нивно ослободување од Австрија и Турција“, битолски неделник „Его“, бр. 279 од 26.05.2011 год.;
  • Обесувањето и погребот на Александар Турунџев според два британ- ски извештаи“, битолски неделник „Его бр. 280 од 02.06.2011 год.;
  • Турската одмазда врз недолжните могилчани по убиството на Шефкија ага од страна на Димче Могилчето“, битолски неделник „Его“,бр. 282 од 23.06.2011 г.;
  • Неуспешен хибрид на Ефтим Клетников“, критичка статија, „Огледало“, гласило на Сојузот на меѓународните литературни преведуавачи на Македо- нија, Скопје, 30 ноември 2012;
  • „Најновите дострели во македонскиот уметнички препев на руската кла- сична поезија“, зборник со трудови од V Македонско-руска научна, литера- турна и јазична конференција, издавач Филолошкиот факултет „Блаже Коне- ски“ – Скопје, 2014 г., стр. 339-346;
  • „Разочарувачки препев на „Гарванот“ од Едгар Алан По, критички осврт за македонскиот препев извршен од Марина Поп Панкова, „Огледало“, гласило на Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Македонија, сеп- тември-октомври 2017;
  • Тестаментална“, патриотска стихотворба, в. Нова Македонија, 16 јануари

МАКЕДОНСКИ ПРЕПЕВИ НА ПОЕЗИЈАТА ОД 8 СВЕТСКИ КЛАСИЧНИ ПОЕТИ

 

  • „Сказни“ од Александар С. Пушкин, препев од руски јазик, лектира за III одделение, издав. НИК „Наша книга“, Скопје, две изданија – 1969, 1970);
  • „Песни и поеми“ од Михаил, Ј. Лермонтов, препев од руски јазик, издавач Македонското научно друштво во Битола и Здружението за македонско-руско пријателство во Битола, 2004;
  • „Песни, сказни и легенди“, збирка со препев од руски јазик на поезијата од Александар С. Пушкин, издавач Македонското научно друштво во Битола и Здружението за македонско-руско пријателство во Битола, 2005, добитник на наградата „Григор Прличев“ доделена од Сојузот на мегународните преведу- вачи на Македонија;
  • „Славеј нежно роза довикува“, збирка со препеви од руски јазик на поези- од Сергеј Есенин, издавач Македонското научно друштво во Битола и Здруже- нието за македонско-руско пријателство во Битола, 2010;
  • Дел од поезијата на Мажита Гафури, национален поет од Башкортостан, Автономна Република во состав на Руската Федерација, препев од руски јазик, објавени во битолското Списание за култура и литература „Раст“, бр. 8, 2011г., за што добив Благодарница од Фондот за култура на градот Уфа, Башкор- тостан, АР во состав на Руската Федерација;
  • „В честь Мажита Гафури“ и „Мир так маленкий“ („Во чест на Мажит Гафу- ри“ и „Светот е толку мал“), две стихотворби на руски јазик со кои учествував на Меѓународниот конкурс „Мы читаем Мажита Гафури („Ние го читаме Мажита Гафури“) во гр. Уфа, Башкортостан, 2013 г., добитник на Главната премија – Медал за лауреат со ликот на Мажита Гафури ;
  • „Поезија“, збирка со препеви од руски јазик на поезијата од Александар С. Пушкин, Михаил Ј. Лермонтов и Сергеј Есенин, јубилејно издание по повод 200 годишнината од Бородинската битка, печатена со финансиска помош од министерството за финансии на Р. Македонија, Битола, 2013 г., добибитник на Повелбата „30 Септември“ (Меѓународен ден на светскиот преведувач), доделена од Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Мкедони- ја;
  • „Сам излегувам на патеката“, стихотворение од Михаил Ј. Лермонтов пре- пеано од руски на македонски јазик, внесено во малечкиот московски зборник „Ремек дела на руската класика“, заедно со уште 59 нејзини препеви на 45 светски јазици, во издание на Историческая газета по повод 200-годишниот јубилеј на овој голем руски и светски поет, во редакција на Анатолиј А. Парпара, Москва, 2013;
  • „Поезија“, збирка со препеви од руски јазик на поезијата од Сергеј Есенин и Владимир Мајаковски, печатени во едицијата Ѕвезди на светската литера– тура, издавачи „Арс Ламина“ и „Арс студио“, Скопје, 2015;
  • „Рубаи“ („Четиристишија“) од Омар Хајам (Персиски поет, 11 век), препев од руски јазик, сопствено издание, печати „Графопрес комерц, Битола, 2013;
  • „Рубаи“ од Омар Хајам, во збирката „Класична персиска поезија“ од едици- јата Ѕвезди на светската литература“, издавачка куќа „Три“, Скопје, 2015;
  • „Гарванот“, сентиментална балада од Едгар Алан По, препев од англиски јазик, објавена во битолскиот неделник „Его“ од 6 март 2014; списанието „Стремеж“ бр. 1-2, Прилеп, 2015; спис. „Огледало“, гласилото на Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Македонија, септември-октом- ври 2017;
  • Збирката Четири светски класични поеми: „Гарванот“ од Едгар Алан По, препев од англиски јазик; „Демонот“ од Михаил Лермонтов; „Црниот човек“ од Сергеј Есенин, „Облак во панталони“ од Владимир Мајаковски, трите препе- ани од руски јазик, Битола, 2017;
  • Сказна за рибарот и рипката“ од Александар С. Пушкин, препев од руски јазик, „Арс Ламина“, Скопје 2018;
  • „Што е тоа добро, а што е тоа лошо“, детска педагошка поема од Влади- мир Мајаковски, препев од рускики јазик, „Арс Ламина“, Скопје, 2018;
  • „Сказна за глупавото глувченце“ од Самуил Маршак, препев од руски јазик, „Арс Ламина“, Скопје, 2018.

 

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА НА  МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

 

  • Во 1976 год, прв во Р. Македонија изготвив Анализа за состојбата на маке- донскиот јазик во јавната комуникација, што ја усвои тогашното Собрание на Општината Битола;
  • Во 1995 г. ја изготвив, а Собранието на Општината Битола ја усвои Резолу- цијата за конкретна примена на нормите од македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо во јавната комуникација на подрачјето од Општината Битола;
  • На 6 јуни 1997 г., во хотелот „Молика“ на Пелистер, го организирав Симпози- умот „За конкретната примена на македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо во службената и во jавната комуникација“, истовремено настапувајќи со рефератот „Пионерската акција на Општината Битола за операционализирање на чл. 7 од Уставот на Р. Македонија“;
  • Во октомври 1998 година го уредив зборникот со трудови од овој симпозиум со наслов „Загрозеноста и заштитата на македонскиот литературен јазик“;
  • Истата годинa ја изготвив, а Собранието на Општината Битола ја донесе Одлуката за јазично, естетско и ликовно обликување и уредување на градот Битола;
  • Единствен сум во Република Македонија кој успеа ова прашање да биде ре- гулирано во Статутот на една Општина (Битола, чл.11);
  • Во 1998 г., како надворешен соработник учествував во изготвувањето на Законот за македонскиот јазик, заради што добив писмена Благодарница од министерот за култура, Слободан Унковски;
  • За јазичната проституција во културата и политиката“ (коавтор Билјана Дојчиновска), есеј, неделник „Јавност“, бр.30 од 2.12.2003;
  • Во 2008 год. го напечатив универзалниот џебен прирачник Ајде да збору- ваме и да пишуваме правилно македонски“, издавач Македонското научно друштво-Битола и Општината Битола, кое доживеа три изданија;
  • Од Здружението на лекторите бев назначен за Раководител на групацијата Лектори во јавната администрација во Р. Македонија.

 

ПРИДОНЕС ВО МАКЕДОНСКО – РУСКАТА КУЛТУРНА СОРАБОТКА

 

  • Во 1992 год., по повод признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на тогашниот претседател на Руската Федерација, Борис Елцин, заедно со д-р Душно Константинов во Битола го формиравме Друштвото за македонско-руско пријателство, прво здружение од таков вид во Р. Македонија, со Илија Стојанов (бизнисмен) како прв претседател, Здравко Божиновски-потпретседател, а д-р Душко Константинов-секретар, потоа прет- седатели : Здравко Божиновски (во два мандати), Никола Темелковски, Пеце Гаштаров (набрзо исклучен од Здружението поради неговите противстату- тарни и криминални престапи), Тодор Милошевски, Драган Романски.
  • Во 1993 година нашето Друштво ја прими за почесен член академик Рина Павловна Усикова, раководител на Катедрата по македонистика на Москов- скиот државен универзитет „Ломоносов“ и основач на Друштвото со пријате- ли на Македонија во Москва, која по тој повод за членовите на нашето друш- тво и останатите граѓани, во Домот на културата во Битола зборуваше на тема „Предавањата по македонистика на МГУ“ (Московскиот државен универ- зитет).
  • Истата 1993 година, по повод 100 годишнината од подмолното убиство во Битола на рускиот императорски конзул, Александар Аркадјевич Ростковски, преку Собранието на Општината Битола ја покренавме иницијативата за подигнување на Рускиот Крст, монументален споменик на местото каде што во 1903 беше убиен Конзулот (денешниот Градски Парк на јужниот дел од Битола).
  • Во 1995 год., преку Собранието на Општината Битола и Амбасадата на Рус- ката Федерација во Република Македонија, покренав иницијатива за отвора- ње на Рускиот почесен конзулат во Битола и на 20 септември истата година дипломатскиот претставник на Руската Федерација во Македонија, Јуриј Петрович Трушин, ја посети Битола, после што почнаа подготовките за отворање на Конзулатот.
  • Во 2003 год., откако со претседателот на Друштвото, Никола Темелковски, преку Општината Битола ги добивме трите простории од третиот кат во зградата „Магнолија“ на Градскиот плоштад, наменети за Почесниот руски конзулат, Рускиот културен  центар и за Здружението за македонско-рус- ко пријателство, во присуство на дипломатскиот претставник Јуриј Петрович Трушин и претставници од Општината Битола како и голем број граѓани, рускиот Почесен конзулат официјално беше отворен и осветен од битолскиот владика, Господин Петар.
  • Истата 2003 год., по повод 100 годишнината од убиството во Битола на рускиот императорски конзул А. А. Ростковски, заедно со Институтот за национална историја во Скопје и Друштвото за наука и уметност во Битола, во својство на организациски секретар го организирав и реализирав Симпо– зиумот „Рускиот императорски конзулат во Битола, 1861-1915“, кој се одржа од 31. Х. до 2. ХI. во хотелот „Молика“ на Пелистер. На овој симпозиум  настапив со два реферати:
  1. „Отворањето на Рускиот императорски конзулат во Битола, 1861-1915“,                         
  2. „Пренесувањето од Битола на телото од убиениот руски импе– раторски конзул, Александар Аркадјевич Ростковски и неговиот погреб во Одеса“.        
  • Целокупниот материјал од Симпозиумот, собран од учесниците и среден за печатење, го предадов на Институтот за национална историја во Скопје, кој заедно со Славјанскиот универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, во 2015 год. го издадоа збор- никот „Рускиот императорски конзулат во Битола, 1861-1915“.
  • Потоа се повлеков од активна работа во Здружението целосно посветувајќи се на уметничкиот препев на поезијата од Александар С. Пушкин, Михаил Ј. Лермонтов, Сергеј Есенин, Владимир Мајаковски, Самуил Маршак, „Рубаи“ од Омар Хајам (персиски поет од 11 век), „Гарванот“ од Едгар Алан По, Мажит Гафури (национален поет на Башкортостан, Автономна Република. во состав на Руската Федерација).
  • Во 2006 год., во Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, одржав предавање на две теми:
  1.    „Пушкин и декабристите“,
  2.   „Поетската величина и трагичниот крај на Сергеј Есенин“.
  • Во 2012 год., на Петтата македонско-руска научна, литературна и јазична кон- ференција, одржана во Охрид на 17-19 јуни, настапив со рефератот „Најнови– те дострели во македонскиот уметнички препев на руската класична поезија“, објавен во зборникот „Руско-македонските јазични, литературни и културни врски“, бр. 5, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 2014.
  • Во 2017 г., со реферератот „Стихотворбата ’Смртта на Поетот‘ од Михаил Ј. Лермонтов, напишана по повод трагичната смрт на Пушкин, како авто– епитаф за самиот Лермонтов“, настапив на Седмата македонско–руска научна конференција во рамките на Меѓународната славистичка средба одр- жана во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, зборник „Руско-македонски јазични, литературни и културни врски“ бр. 7, Скопје, 2018;
  • На 6 јуни 2019 год., по повод 220 годишнината од раѓањето на А.С. Пушкин, во Рускиот почесен конзулат во Битола, пред студентите и други граѓани, одржав предавање тема „Александар Сергеевич Пушкин“.