Повик за учество во работилници

Во рамките на активностите за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот великан, академик Блаже Конески, Македонското научно друштво – Битола објавува

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦИ

за презентација на првата словенска азбука глаголицата

 

Прва работилница:

Теоријата на Блаже Конески за замената на глаголицата со кирилица (предавање)

25.11.2021 година, од 19:00 до 20:30 часот

Втора работилница:

Пишување со глаголско писмо (интерактивни вежби)

26.11.2021 година, од 19:00 до 20:30 часот

Работилниците ќе ги води професор д-р Валентина Гулевска, редовен професор на Педагошки факултет – Битола и член на Одделението за лингвистика и литература при Македонското научно друштво – Битола и учесниците ќе ги следат on-line.

Рокот за пријавување на сите заинтересирани кандидати е од 25.10.2021 година до 20.11.2021 година, на следнава емаил адреса mss.bitola@gmail.com.

Ве очекуваме!