Научно- стручен собир „Влијанието на пандемијата врз науката-искуства и примери на професионални предизвици во општеството“

Македонското научно друштво-Битола, 10 – ти Ноември – Меѓународниот ден на науката го одбележа со организација на Научно-стручен собир на тема „Влијанието на пандемијата врз науката- искуства и примери на професионални предизвици во општеството “.

Учество во пленарниот дел имаа Др. Билјана Гагачовска, специјалист психијатар со свое излагање на тема : „Зачувување на менталното здравје“ и д-р Гордана Балтовска, член на МНД – Битола, како и член на Управен одбор на Стопанска банка А.Д Битола со свое излагање на тема : ,,Предизвиците од COVID кризата – Професионални предизвици во банкарството“а во свечениот дел од собирот пригодни обраќања имаа и проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола, и проф. д-р Цветко Смилевски, основач на Бизнис академија Смилевски.

На овој Научно – стручен собир беа пријавени 17 трудови, односно 28 автори и неколку од трудовите беа презентирани од страна на дел авторите на самиот настан. Трудовите ќе бидат објавени во новиот број на списанието „Прилози“  кое се издава еднаш годишно, разработувајќи одредена тематика.