д-р Миме Тасеска – Китановска

 

 

 

 

Родена e на 3.12.1983 г. во Битола. Дипломира во 2006 г. на УКЛО, на Педагошкиот факултет во Битола и се стекна со звањето дипломиран учител. Во 2008 г. на истиот факултет ја заврши обуката за Перманентно образование на наставни кадри во основно училиште со предметна специјалност информатика, а во 2012 г. магистрира и го доби звањето магистер по Педагогија во областа на методиките (наслов на магистерскиот труд: „Правописните грешки во писменото изразување кај учениците од I и II циклус од основното образование“). Во 2017 г. дипломира на Педагошкиот факултет во Битола и се стекна со звањето дипломиран професор по Македонски јазик и книжевност. Во 2019 г. докторира на УКИМ, на Филолошкиот факултет во Скопје, на студиската програма Македонистика, потпрограма Македонски јазик и лингвистика и ја доби титулата доктор по хуманистички науки од областа на македонистиката (наслов на докторската дисертација: „Правописот на македонскиот јазик во наставната практика“).

Има работено како одделенски наставник во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола (учебна 2012 – 2013 г.) и во ОУ „Александар Турунџев“ – Кукуречани (учебна 2014 – 2015 г.). Во периодот од 2014 до 2016 г. ги уредува катчето за лектира и јазичното катче во списанието „Развигор“.

Посетува семинари и учествува на меѓународни конференции со свои стручни и научни трудови.

Од 2020 г. е овластен лектор по македонски јазик.

 

 

Објавени трудови:

 

Тасеска Миме. Особини и карактеристики на наставникот за работа со надарени и талентирани ученици, Прва интернационална конференција: Надарените и талентираните креатори на прогресот (теорија и практика) 16 – 17 октомври 2009 г. Битола – Охрид,  Битола: Педагошки факултет, 2009;

Тасеска Миме. Правописните грешки во писменото изразување кај учениците од I и II циклус од основното образование (Магистерски труд во ракопис). Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“, Педагошки факултет, 2012;

Тасеска-Китановска Миме. „Корелација меѓу успехот на учениците и нивните правописни грешки во I и II циклус од основното образование“, Зборник на трудови при Школата за докторски студии. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2014;

Тасеска-Китановска Миме. „Улогата на наставникот во инклузивното образование“, Меѓународна конференција: Социјална и образовна инклузија и кохезија – теорија, практики и перспективи, 17 – 18 октомври 2014 г. – Битола. Битола: Македонско научно друштво, 2014;

Тасеска-Китановска Миме. „Корелација меѓу возраста на учениците и нивните правописни грешки во I и II циклус од основното образование“, Стуликон. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2015;

Тасеска-Китановска Миме. „Methodical approach for introduction with fairy tale in the first grad from the primary school“, Teacher: Journal of the Faculty of Education Bitola. Bitola: Faculty of the Education, 2015;

Тасеска-Китановска Миме. „Creative activities for learning the orthography rules in the primary education“, Teacher: Journal of the Faculty of Education Bitola. Bitola: Faculty of the Education, 2015;

Тасеска-Китановска Миме. „Linguistic literacy in the educational practice, Teacher: Journal of the Faculty of Education Bitola. Bitola: Faculty of the Education, 2015;

Тасеска-Китановска Миме. Знаците за директна реч во македонскиот јазик (Дипломска работа во ракопис). Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“, Педагошки факултет, 2017;

Тасеска-Китановска Миме. „За новото издание на правописот на македонскиот јазик“, Деветти научен собир на млади македонисти – Конференција во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2018;

Тасеска-Китановска Миме. Правописот на македонскиот јазик во наставната практика (Докторска дисертација во ракопис). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2019.