д-р Милена Пејчиновска

Пејчиновска д-р Милена

Родена е во 1982 година во Битола. Работи на Педагошкиот факултет во Битола како доцент по предмети од областа на методиката, образованието на наставници, природните и општествените науки со методика.

Зема учество на бројни и значајни семинари, обуки и работилници и е вклучена во истражувањето во повеќе проекти од државен и меѓународен карактер. Учествува на повеќе меѓународни научни и стручни конференции со сопствени и коавторски трудови и има објавено над триесет научни и стручни публикации во областа на дидактичко-методичката и докимолошката наука.