д-р Екатерина Јосифовска

д-р Екатерина Михељкис

Родена 15.05.1972 во Украина. Конзерваториунот го заврши како хорски диригент, во град Одеса, Украина во 1996 година. Магистрира во Р. Бугарија на катедра за теорија и методика по музичко образование и воспитание, а докторира во мај 2010 г. на Педагошки факултет – Битола.

Учесник на научните собири, конференции, семинари, симпозиуми. Активно учествувала во неколку ансамбли кои забележаа инзвонредни успеси. Раководител на вокално-инструментален ансамбл „Adlibitum Art“ од Битола,Р. Македонија. Во Р. Македонија работела во Средно музичко училиште, потоа на Педагошки факултет, како асистент по предметот Методика на музиката, исто така, професор на Бас Академија Смилевски и моментално работи во ОУ„ Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.

Член на Управниот одбор на Еврејското здружение во Битола, член на Еврејската заедница во Скопје и член на Руско – Македонско здружение. Член на Управниот одбор на Македонско научно друштво-Битола.

Организатор на неколку Меѓународни АРТ фестивали и натпревари со различни дисциплини во Р. Македонија и странство. Организатор и директор на здружението ART IN ORG. Има издавачка дејност (есеи, реферати, статии).

mob. 078 339 984

e-mail :  ekaterinamikhelkis@yahoo.com

 

Библиографија

Издавачка дејност при МНД – Битола во списанието ,,Прилози”:

– ,,Историја на образование во Украина’’;

– ,,Методски приоди на професионалното обучување на учители во педагошките институти во Украина’’;

– ,,Образовната улога на педагошката практика во Украина’’;

-,,Формирање на пејачките навики кај учениците од почетна училишна возраст’’;

-„Јас, Екатерина Михељкис“ (статија посветена на 21 член од мојата фамилија,кои загинаа во Втората светска војна)