Доц. д-р Христо Петрески

Доц. д-р Христо Петрески е роден на 4.2.1957 година во Крушево. Доктор е по дидактички и методички науки. Докторираше на тема  “Авторска бајка – компаративна анализа”. Магистрирал на   Институтот за македонска литература при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје,  на тема  “Хаику поезијата помеѓу елитното и масовното “. Сега е доцент на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА – Скопје.

Инаку, Христо Петрески е новинар и писател. Бил новинар и уредник во Редакциите на: “Студентски збор”, “Млад борец”, Радио Скопје и “Нова Македонија”.

Од 1982 година е основач и директор на Издавачката куќа “Феникс” – Скопје и Фондацијата за научна и културна афирмација и презентација “Македонија презент” – Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година. Еден е од основачите на списанието”Стожер” и манифестацијата “Празник на липите” при Друштвото на писателите на Македонија. Сега е главен и одговорен уредник на списанијата “Тренд” и “Книжевна Академија”.

Автор е на повеќе од 25 свои книги и на голем број значајни републички и меѓународни награди и признанија.

Негови творби и дела се преведени на: српски, хрватски, словенечки, бугарски,француски, англиски, германски, словачки, русински, албански, турски, руски и други јазици.

 


 

 

 

БИБЛИОГРАФИЈА

Поетски книги за возрасни: “Огледало” (“Современост” – Скопје, 1979), “Вулканска потреба” (“Култура” – Скопје, 1981), “Разговор со ѕидовите” (“Омладинска искра” – Сплит, 1981), “Во јагодата црв” (“Студентски збор” – Скопје, 1982), “Врв” (“Мисирков” -Битола, 1983), “Штит” (“Мисла” – Скопје, 1985), “Туѓо тело” (“Македонска книга”- Скопје, 1990), “Патник на враќање” (“Мацуо Башо” – Оџаци, 1991), “Забел” (избор, “Мисла” – Скопје, 1991), “Камен јазик” (“Феникс” – Скопје, 1996), “Стаклен клуч” (“Феникс” – Скопје, 2003), “Бело мастило” (“Феникс” – Скопје,2003), “Читање на ненапишаното” (“Феникс” – Скопје, 2009), “Пантомима” (“Феникс” – Скопје, 2009), “Читање на ненапишаното” (Хрватско книжевно друштво – Риека, 2010), “Погрешен човек” (“Матица” – Скопје, 2012).

Поетски книги за деца и млади: “Бонсаи” (“Детска радост” – Скопје, 1991), “Бел петел врн ветер” (брзозоборки, “Детска радост” -Скопје, 1992), “На умните не им требаат скали за качување” (“Феникс” – Скопје, 2008).

Проза за возрасни: “Продавница на чист воздух” (“Мисла” – Скопје, 1988), “Добриот ѓавол” (“Феникс” – Скопје, 1996), “Трета среќа” (“Феникс”- Скопје, 2010), “Пирамида. Лавирнт” (“Бран” – Струга, 2011), “Лифтот (не) е за двајца” (“Феникс” – Скопје, 2011), “Твоите = мои очи” (“Феникс”- Скопје, 2012).

Проза за деца и млади: “Љубов плус” (Детска радост” -Скопје, 1993), “Скопскиот трамвај” (“Феникс” -Скопје, 1996), “Најголемата тајна” (“Феникс” – Скопје, 2004), “Збогум, Кензо Танге” (“Феникс” – Скопје, 2006), Детето што сакаше да стане пчела (“Феникс” – Скопје, 2010), “Златното јаболко и други бајки” (“Вермилион” – Скопје, 2012).

Критики: “Споени садови” (“Наша книга” -Скопје, 1986), “Македонска филмска критика” (ЕСРА -Скопје, 2011), “Македонска театарска критика”(ЕСРА-Скопје, 2011), “Зошто хаику” (“Феникс” – Скопје, 2011).

Публицистика: “Дванаесет горостаси” (“Млад борец” – Скопје, 1983), “Собеседници” (“Наша книга” – Скопје, 1989), “Виртуелно огледало”(“Феникс” – Скопје, 2010).

Антологии и избори: “Вишнеења” (родољубива поезија, “Млад борец” – Скопје, 1980), “Визија на целината” (светски краток расказ, “Мисла” -Скопје, 1992), “Белиот фустан” (светска куса проза, “Феникс” – Скопје – 2001), “Во стварноста е реалноста сосема поинаква” (светски графити, “Феникс” – Скопје, 2002), “Подарок од срцето” (љубовни песни и писма, “Феникс” -Скопје, 2003), Антологија на современиот македонски расказ (“Феникс” – Скопје, 2012).

Автор е на повеќе од 25 свои книги и добитник е на голем број значајни републички и меѓународни награди и признанија: за стихозбирката “Камен јазик” – награда “Ацо Шопов”, за новинарство – награда “Крсте Петков Мисирков”, за книгата за деца “Скопскиот трамвај” – награда”Васил Куноски”, закнигата”На умните не им требаат скали за качување” – награда “Ванчо Николески”, за книгата “Пирамида. Лавиринт” – награда “Крсте Чачански”, за романот “Лифтот (не) е за двајца” – награда “Рациново признание” i “Книжевно перо”, за книгата “Златното јаболко и други бајки” – награда “Вермилион”, за поезија – награда “Наим Фрашери”, за театарската критика – награда “Ergo Sum”, за хаику песни – награда на Книжевната општина Вршац, награди на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра песна и есеј, награда на Културно-просветната заедница на Македонија за критика, награда на Републичката конференција на младите на Македонија, награда “Феникс” на општина Центар, прва награда за хаику поезија во Мелник (Бугарија) и други награди и признанија.

Преводи и препеви: на српски, хрватски, словенечки, бугарски, француски, англиски, германски, словачки и, русински, албански, турски, руски и други јазици.