Владимир Костов почесен член на МАНУ

МНД-Битола и МАНУ приредија промоција на писателот Владимир Костов во почесен член на МАНУ.

На академскиот настан во Битола говореа претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити, претседателот на МНД-Битола, д-р Марјан Танушевски и Академик Ѓорги Старделов кој рече дека книгите на Костов претставуваат ретка книжевна појава.

Владимир Костов е 12 член на МНД-Битола кој воедно е член на МАНУ.

 

-Да се доживее еден ваков момент е ретка среќа. Кога го примив ова признание не го примив само во свое лично име туку и во името на многу мои колеги, пред се во името на членовите на научното друштво, рече Академик Костов за време на неговата промоција во почесен член на МАНУ.