Раде Силјан (Жван, Демирхисарско, 16 април 1950) — македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Силјан е роден е на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско. Дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на насоката југословенска книжевност. Во однос на работното искуство, Силјан бил главен уредник на третата програма на Македонското радио, работел како новинар во „Студентски збор“ и „Наш свет“, а бил директор на книгоиздателството “Македонска книга”. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството “Матица македонска” од Скопје. Силјан е член на ДПМ од 1982. Во два мандати бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија (2008-2014), а еднаш бил и претседател на Собранието на ДПМ..
Библиографија
-
Третиот лик на времето (поезија, 1975),
-
Сенки на јавето (поезија, 1980),
-
Принајден облик (критики и есеи, 1986),
-
Дијалог со времето (критики и есеи, 1988),
-
Гласник (поезија, 1989),
-
Македонска поезија XIX век (антологија, 1989)
-
Македонска драма XIX и XX век (антологија, 1990)
-
Заѕидување на сенката (поезија, 1990),
-
Магијата на зборот (критики и есеи, 1991),
-
Македонска поезија во XIX и XX век (антологија, 1992)
-
Сто години македонска драма (антологија, 1992)
-
Нова и современа македонска поезија (антологија, 1996)
-
Модерна македонска поезија (антологија,1997)
-
Литературни координати (критики и есеи, 1999),
-
Пресликано време (поезија, 1999),
-
Прилози за наставата по литература во пет книги (критики, 2000).
-
Гласот на предците (поезија, 2001)
-
Забранета одаја (антологија – раскази, 2004)
-
Горчлив вилает (поезија, 2006)
-
Македонски писатели и дела кн. 1 (критики и есеи, 2006)
-
Сенки на татковината (поезија, 2007)
-
Македонски писатели и дела кн. 2 (критики и есеи, 2008)
-
Македонија пее (антологија, 2008)
-
Македонската литературна критика (антологија, 2008)
-
Македонски раскази (антологија, 2008)
-
Врвови (поезија, 2008)
-
Кругови (поезија, 2009)
-
Завештанија (поезија, 2010)[1]
-
На мегдан за татковината (поезија, 2010)
-
Огледи за македонската поезија (критики и есеи, 2010)
-
Огледи за македонската литература (критики и есеи, 2010)
-
Текови на македонската литература (критики и есеи, 2011)
-
Молитвење (поезија, 2011)
-
Блажена (поезија, 2012)[2]
-
Нова и современа македонска поезија (критики и есеи, 2012)
Коавтор е на петтомната едиција Македонската книжевност во книжевната критика (1973/74). Во 2010 год. книгоиздателството „Матица Македонска“ објави избрани дела во шест тома од творештвото на Раде Силјан.
Награди
-
Студентски збор – 1975
-
Кочо Рацин – 1986
-
Награда за најдобра критика – 1987
-
Браќа Миладиновци – 1990
-
Арџесис, Букурешт – 1993
-
Ацо Шопов – 1999
-
Димитар Митрев – 2001
-
Гоцева повелба – 2001
-
Вејла кутија – 2008
-
Кочиќево перо, Бања Лука – 2008
-
Златна фортуна, Киев – 2008
-
Un poeta per la pace, Трст – 2010
-
„11 Октомври“, државна награда за животно дело – 2010
-
Михај Еминеску, Крајова, Романија – 2011
-
Наводи
-
На мегдан за татковината – Раде Силјан, Скопје 2010
-
Блажена – Раде Силјан, Скопје 2012
-
Блажена – Раде Силјан, Скопје 2012