РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ВО ДИГИТАЛНИОТ ПРОСТОР“ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МНД

Македонското научно друштво-Битола на 12.12.2025 година во соработка со Правниот факултет (Битола) организираше работилница со наслов „Родово базирано насилство во дигиталниот простор” за учениците од С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола. Работилницата ја реализираа проф. д-р Ивона Шушак Лозановска, проф. д-р Ангелина Станојоска и проф. д-р Ице Илијевски, професори на Правниот факултет и членови на МНД.