На прес – конференција одржана на 9 ноември 2021 година во МНД-Битола, доц. д-р Невена Груевска посочи дека на научно-стручниот собир учествуваат 28 автори со 17 трудови кои ќе бидат објавени во списанието „Прилози“. Проф. д-р Лидија Стефановска истакна дека основната цел на овој собир е да се согледа какво и колкаво е влијанието на пандемијата врз науката, а проф. д-р Сашо Кочанковски истакна дека со поблиско поврзување на науката и општеството овој Меѓународен ден и собир имаат за цел да се обезбеди поблиска информација до граѓаните за развојот на науката.
https://kurir.mk/republika/opstini/vo-bitola-se-odbelezuva-10-noemvri-svetski-den-na-naukata/
https://portal.pelanet.mk/?p=44806