Меморандум за соработка меѓу МНД-Битола и Анима Центар-Скопје

Македонско научно друштво-Битола и Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија-Скопје претставувани од претседателот д-р Марјан Танушевски и Вера Димовска, основач, потпишаа Меморандум за соработка.

Свеченоста се одржа во рамки на тркалезна маса на тема „Ајде да зборуваме за психологијата и психотерапијата“, која се одржа пред студентите, наставниот кадар и гости на меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола, а на која говореа основачот на Анима-Центар од Скопје, Вера Димовска, психолог и гештал терапевт и професорите Марија Котевска Димовска и Сашо Кочанковски, членови на МНД-Битола.