ИЗЛЕГОА ОД ПЕЧАТ ДВА БРОЈА (БР. 14 И 15) ОД СПИСАНИЕТО ЗА КУЛТУРА – ЛИТЕРАТУРА, ДРАМСКА УМЕТНОСТ, ФИЛМ И ИЗДАВАШТВО „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“ ЗА 2024 ГОДИНА ВО ИЗДАВАШТВО НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА

Излегоа од печат два броја од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ и тоа бр. 14 и 15 за 2024 година во издаваштво на Македонското научно друштво-Битола.

Списанието е финансирано од Министерството за култура на РС Македонија, а го уредува редакција составена од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска (главен уредник), Весна Мундишевска-Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска, доц. д-р Анита Ангелевска со помош на меѓународниот уредувачки одбор: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), проф. д-р Михо Нонака (Јапонија/ САД), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).

„Современи дијалози“ бр. 14 за 2024 година содржи прилози од вкупно 57 автори и 8 ликовни уметници. Читателите можат да прочитаат поезија од: Ристо Василевски, Славица П. Диневска, Златко Жоглев-Олгин, Стефан Марковски, Кире Неделковски, Милица Радевска и Емилија Тодорова; проза од: Даниела Андоновска-Трајковска, Бобан Богатиновски, Живко Грозданоски, Владо Јаневски, Јована Матевска Атанасова, Томислав Османли, Михајло Свидерски, Игор Поп Трајков и Ивица Челиковиќ; литература за деца и млади од Соња Змејкоска и Горјана Стојановска; согледби од: Анита Ангелевска, Јованка Денкова, Владо Ѓорески, Елизабета Јончиќ, Весна Мундишевска-Велјановска, Симона Петровска, Емилија Ристевска Стефановска, Марија Стојаноска, Биљана Т. Димко, Васил Тоциновски, Реџеп Хоти, Арлинд Фаризи, Валдет Хисенај и Биљана Цветкова Димов.

Во рубриката „Акценти“ застапени се прилози за промоцијата на монографија и изложба на дела на ликовниот уметник Јордан Манасијески, за промоцијата на книгата „Презимето кај Македонците“ од проф. д-р Елка Јачева Улчар, за одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и за 64-от јубилеј на МНД одбележан со промоција на научното списание  „Прилози“ и Списанието за култура: литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ – и двете изданија на Македонското научно друштво – Битола. Во рубриката „Препеви“ застапен е препев на песната „Деветта хиџретска година“ од Виктор Иго.

Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 24 автори од 22 земји: Саудиска Арабија, САД, Германија, Аргентина, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Велика Британија, Данска, Кенија, Костарика, Крит, Либан, Обединети Арапски Емирати, Полска, Романија, САД, Србија, Узбекистан, Хрватска, Чиле и Шпанија.

Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со илустрација од Јордан Манасијески, а во овој број на списанието објавени се и илустрации од 7 ликовни уметници и тоа: Љупка Галазка Василев, Димитрије Кацујани, Дејан Макријовски, Стефан Малбашиќ, Александар Поповски, Маја Танева и Лара Ташковска, како најава за секоја рубрика како најава за секоја рубрика.

„Современи дијалози“ бр. 15 за 2024 година содржи прилози од вкупно 56 автори и 7 ликовни уметници. Читателите можат да прочитаат поезија од: Зоран Анчевски, Ристо Василевски, Славица Гаџова Свидерска, Ива Дамјановски, Шаип Емерлаху, Драгана Ефтимова, Тихомир Јанчовски, Гордана Стојаноска и Борче Панов; проза од: Даниела Андоновска-Трајковска, Димитар Башевски, Лидија Димковска, Петре Димовски, Владимир Илиевски, Сашо Огненовски, Томислав Османсли, Фросина Пармаковска и Александар Прокопиев; согледби, книжевна критика од: Анита Ангелевска, Виолета Димова, Васил Дрвошанов, Златко Жоглев, Елизабета Јончиќ, Славчо Ковилоски, Весна Мундишевска-Велјановска, Емилија Ристевска-Стефановска, Снежана Стојчевска, Васил Тоциновски и Катица Ќулавкова. Во овој број имаме и еден прилог од литературата за деца напишан на англиски јазик од Горјана Стојановска.

Во рубриката „Акценти“ застапен е прилог за одбележувањето на деведестгодишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски.

Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 27 автори од 22 земји: Саудиска Арабија, Белгија, Романија, Шпанија, Полска, Турција, Босна и Херцеговина, Кина, Србија, Италија, Аргентина, Мексико, Шведска, Бразил, Португалија, Косово, Венецуела, Крит, Црна Гора, Франција, Канада и Колумбија.

Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со слика од Панде Петровски во чест на јубилејот 65 години од неговото творештво. Секоја рубрика е најавена со слика од 6 ликовни уметници и тоа: Бојана Артиновска, Васко Ѓоргиев, Владо Јаневски, Петар Кирановски, Златко Крстевски и Андреј Марјановиќ. Во овој број на списанието со преводи на творби од странски автори соработуваа: Артрит Битичи, Франс Винке, Мирослав Грузиен, Милијан Деспотовиќ, Олга Лалиќ Кровицка, Ана Марија Степиен, Ивица Челиковиќ, Даниела Андоновска-Трајковска, Стенли Баркан, Ристо Василевски, Жермен Дрогенброт, Весна Мундишевска-Велјановска, Силвана Нешковска и Борче Панов.