Македонското научно друштво-Битола оваа 2021 година ја посветува на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески
По тој повод денес се одржа настан за промовирање на прирачникот „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“ од авторот Здравко Божиновски во Салата за промоции на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола , на кој беа присутни членови на МНД – Битола и претставници на основните и средните училишта од општина Битола, а д-р Невена Груевска, претседател на МНД – Битола им подари примероци од ова издание.