Литературно читање „Конески“

 

Програмска активност – Литературно читање со наслов „Конески“, кој во организација на Педагошкиот факултет – Битола и Македонското научно друштво од Битола, се одржа на 12.5.2021 г. ( среда ), во 12.00 часот, во Амфитеатарот на Педагошки факултет – Битола.

Литературното читање е дел од низата активности што Педагошкиот факултет – Битола и Македонското научно друштво од Битола ги организираат за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на писателот, лингвистот, преведувачот – академик Блаже Конески.

Со организирањето на ова литературно читање се реализираат две основни начела на Факултетот и на Друштвото: чествување на Конески и афирмација на македонскиот стандарден јазик.