ПРОФЕСОРИ ОД ШУМЕНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ЕПИСКОП КОНСТАНТИН ПРЕСЛАВСКИ“ ВО ПОСЕТА НА МНД

Во рамките на програмата Erasmus+, во периодот од 11 до 15 мај 2026 година, проф. д-р Снежанка Добрева Георгиева од Катедрата „Педагогика и управление на образованието“ и проф. д-р Керанка Георгиева Велчева од Катедрата за технолошко образование, претприемништво и визуелни уметности при Шуменскиот универзитет „Епископ Константин Преславски“ реализираа академска мобилност за настава на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на Педагошкиот факултет – Битола. За време на престојот, професорките остварија работни средби со професорите д-р Билјана Цветкова Димов, д-р Даниела Андоновска- Трајковска, д-р Татјана Атанасоска и д-р Деан Илиев и одржаа предавања и академски активности со студентите, со цел размена
на искуства, добри практики и унапредување на меѓународната академска соработка. Дополнително, за време на нивниот престој, професорките го посетија и Македонското научно друштво, каде што беа запознати со неговата работа, научно-истражувачките
активности и долгогодишната улога во развојот на науката и образованието по што следуваа разговори за воспоставување идна соработка со Друштвото. Овие активности претставуваат придонес кон меѓународната академска соработка, размената на знаења и искуства, како и создавањето нови можности за заеднички образовни и научно-истражувачки иницијативи.