МНД со изложба на книги по повод Меѓународниот ден на науката

Македонското научно друштво – Битола го одбележа Меѓународниот ден на науката со изложба на публикации во издаваштво на МНД за периодот 2005-2025 година која беше свечено отворена на 12.11.2025 година во 17 и 30 часот во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

„МНД како најстаро научно друштво во државатауспешно опстојува веќе 65 години со бројни изданија зад себе и богата издавачка дејност од различни научни и уметнички дисциплини. Друштвото од самиот почеток го издава и научното списание „Прилози“, а од 2013 година го издава Списанието за за култура: литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое е препознатливо и реномирано во светски рамки“ – истакна проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседател на МНД.

Претседателката изрази благодарност до Уредувачкиот совет на чело со проф. д-р Моника Ангелоска-Дичовска за подготовките на изложбата и заложбите за унапредување на издавачката дејност на Друштвото, но и на членовите на МНД за нивниот влог во развојот на науката и издаваштвото.

        

\