Современи дијалози бр. 11

https://issuu.com/ivanaristovska/docs/sovremeni_dijalozi_11_2022_contemporary_dialogues

Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ што го издава Македонското научно друштво – Битола, за прв пат се појавува во 2013 година, а своето десетгодишно постоење оваа година го одбележува со излегување од печат на два броја – бр. 10 и бр. 11 – и двата со финансиска поддршка на Министерството за култура. Списанието го уредува редакција составена од четворица членови на Македонското научно друштво – Битола: ред. проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, главен уредник и Весна Мундишевска-Велјановска, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ како уредници, но и меѓународен уредувачки одбор од книжевници и/или универзитетски професори од Саудиска Арабија (Раед Анис Ал-Јиши), САД (проф. д-р Михо Нонака), Кина (проф. д-р Цемин Итион Тсаи и проф. д-р Су Џен Лин), Велика Британија (проф. д-р Том Едвард Филипс), Словачка (проф. д-р Звонко Танески), Србија (Искра Пенева) и Босна и Херцеговина/ Русија (м-р Жарко Милениќ). Списанието покрај што е достапно во печатена форма, достапно е и на вебстраницата на Македонското научно друштво (https://mnd-bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/), но исто така е редовно промовирано на различни значајни светски книжевни портали, а дел е и од домашните библиотеки на истакнати странски поети и писатели, уредници, приредувачи, издавачи, преведувачи, книжевници. Соработници за овој број на списанието кои дадоа прилози или учествуваа со свои преводи се: Адем Абдулаху, Салех Ал-Кунаизи, Сеида Богдановиќ, Борче Георгиев, Јапрак Дамла Јилдрим, Милијан Деспотовиќ, Жаклина Ивановска, Олга Лалиќ-Кровицка, Филиз Мехметоглу, Сашо Огненовски, Борче Панов, Мерита Папаристо, Клаудија Пичино, Тамара Проески и Ивица Челиковиќ од Северна Македонија, Полска, Саудиска Арабија, Србија, Турција, Шведска, Албанија, САД и Италија.

Списанието со веќе препознатлив концепт и дизајн, на корицата што ја изработи Весна Мундишевска-Велјановска ја има уметничката слика со наслов „Богињи“ од познатиот уметник Ниче Василев. Во овој случај се слават два значајни јубилеја: Македонското научно друштво-Битола одбележува 10 години постоење на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, а Ниче Василев бележи јубилеј од 50 години активно творештво.

 

https://mnd-bitola.mk/wp-content/uploads/SOVREMENI-DIJALOZI-11_2022_Contemporary-dialogues-compressed-compressed-1.pdf