м-р Николче Трајчевски

М-р Николче Трајчески

Николче Трајчески е роден 1972 година во Битола. Дипломира на  Економскиот факултет во Прилеп. Магистрира финансиски менаџмент  на Економскиот Институт во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на тема ” Странските директни инвестиции во банкарскиот сектор во Република Македонија во периодот 1991-2012 година” .

Во 2001 година се стекнува со Сетрификат за овластен посредник на пазар на капитал и хартии од вредност од страна на Комисија за хартии од вредност на РМ и Secyrities Instityte London.

Во 2008 година се стекнува со лиценца за Проценител на вредноста на претпријатија од Економскиот факултет во Скопје.

Има лиценца за овластен сметководител.

Има учествувано на домашни и меѓународни обуки и семинари во организација на: Министерство за финансии на  РМ, НБРМ, Земјоделски дисконтен кредитен фонд, Институт за пословна истраживања МБА Белград  и Центар за истражување и едукација Скопје, Стопанска Комора на РМ, Financial Technology Transfer Agency, Luxembourg , ACADEMY OF BANKING AND INFORMATION TEHNOLOGY SKOPJE, ИНСТИТУТ ПОСЛОВНА ИСТРАЖИВАЊА-МБА БЕОГРАД , УСАИД и др.

Во академската 2016/2017 и 2017/2018 година од страна на Наставно  научниот совет на Економскиот факултет во Прилеп е избран за предавач за клиничка настава, како истакнат стручњак од пракса за предмети од областа на банкарството.

Од 2001 година работи во Стопанска Банка а.д. Битола и моментално е Раководител на одделот за  trade finance.

Професионален фокус: банкарство и финасии, корпоративно кредитирање, анализа и оценка на инвестициони проекти, кредитни ризици, trade finance.

Од 2017 година е член на МНД Битола.