М-р Александар Н. Тодоровски

М-р Александар Н. Тодоровски

Роден во 1983 год. во Битола, каде завршил основно и средно гимназиско образование. Дипломирал на Педагошкиот фалкултет – Битола во 2006 год. и се стекнал со звање дипломиран учител. Истата година го продолжил своето образование на последипломските студии на Педагошкиот факултет – Битола, на студиската програма Менаџмент на образованието. Магистрирал во 2012 год. и се стекнал со научен назив Магистер по менаџмент на образованието. Oд 2008 год. е вработен во Централната стручна и административна служба на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на работно место администратор за додипломски студии во Секторот за настава, каде ги извршува стручно-професионално сите работни задачи кои му се доверени. Во своето кратко стручно творечко и професионално искуство има напишано повеќе трудови кои се одраз на неговиот интерес за проучување на областите Менаџмент на образование, Менаџмент на човечки ресурси и Перманентно образование.

 

 

 

 


 

 

БИБЛИОГРАФИЈА

 

  1. Учество во изработката (квалитетот и формата) на одделниот научен труд (книга) (2006) Врвовите на филозофот. Монографија за проф. д-р Ферид Мухиќ / (приредил) проф. д-р Златко Жоглев. Педагошки факултет – Битола, Филозофски факултет – Скопје. Битола стр. 255
  2. Труд презентиран и објавен на Првата интернационална конференција во организација на Педагошкиот факултет – Битола на тема: Дијагностицирање на состојбите и предлог мерки за поттикнување и развој на надарените и талентираните студенти на УКЛО“, Охрид, 2010, стр.128 (ID 18467649)
  3. Труд презентиран и објавен на Меѓународната стручна конференција во организација на СОУ „Таки Даскало“-Битола и Општина Битола на тема „Развојот на капацитетите на кадарот како исплатлива инвестиција за поуспешна реализација на наставниот процес“, во Битола, 2011, стр. 62  (ISBN 978-9989-925-13-9)
  4. Труд презентиран и објавен на VI Меѓународен балкански конгрес за образование и наука, во организација на Педагошкиот факултет-Скопје, на тема: Professional ethicsvision or practice in the work of administrative staff in education institutions, Охрид, 2011, стр. 229  (ISBN 978-9989-823-33-6)
  5. Труд презентиран и објавен на Стручно-научниот собир во организација на Македонското научно друштво – Битола, на тема: Стратегија за отворање на Канцеларија за УКЛО Алумни, Битола, 2011 (ISBN 978-608-4616-24-5)
  6. Труд презентиран и објавен на првиот Симпозиум во организација на Бизнис академија Смилевски БАС, на тема: Градење „систем на кариера во работата“ на административниот кадар – предизвик на менаџерскиот тим во високообразовните установи, 2012 (ISBN 978-608-4690-01-6)
  7. Магистерски труд на тема „Систем на перманентно образование на административниот кадар во образовните установи“, Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Битола, Педагошки факултет – Битола, 2012
  8. Труд објавен во меѓународното научно списание „Учител“ на тема „Систем на перманентно образование на административниот кадар во образованите установи“, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Педагошки факултет – Битола, 2012 (ISSN 1409-6870)