Во организација на Техничкиот факултет Битола и Македонското научно друштво Битола, на 26.02.2025 год. во амфитеатарот на Техничкиот факултет со почеток во 12.00 часот се одржа предавање од проектен менаџмент со наслов “Животот е проект”. Реализатори на предавањето беа проф. д-р Цвете Димитриеска и доц. д-р Александар Трајковски. Учесници беа студенти од машинскиот отсек при Техничкиот факултет и ученици од графичката и сообраќајната струка од СОУ “Таки Даскало” – Битола кои имаа можност и да поставуваат прашања и да изнесат свои мислења и ставови на темата.

