проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска

 

 

 

 

 

Проф. д-р Јасмина Буневска Талевска

Родена 1978 г., во Битола. Докторирала на Универзитетот во Битола, Технички факултет Битола. Нејзиното наставно – образовно искуство ги има опфатено сите потребни степени, континуирано напредувајќи низ повеќегодишна ангажираност во областите „Сообраќајно инженерство и проектирање“, Сообраќајно проектирање на патна инфраструктура“, „Урбанизам и сообраќај“ и „Транспортна логистика“. Во својата универзитетска кариера и теоретско и апликативно научно истражување, како автор или коавтор објавила голем број на трудови. Стекнувала искуство низ учество во стручни комисии и тела, работа на научно-истражувачки, апликативни и експертски проекти, членување во домашни и меѓународни сручни асоцијации, презентирање на впечатлив број интернационални конференции и конгреси, а престојувала и на престижни европски универзитети како гостин предавач. Носител е на стипендии за професионално усовршување во странство (Erasmus, CEEPUS).

Специјалност и е сообраќајната анализа на квалитетот, нивото на услуга и мобилноста на сообраќајните токови во урбаните средини, одржливата урбана мобилност, повеќекритериумско вреднување и моделирање на ре/дизајнот на уличната мрежа и урбаната логистика, а ја истражува културата на безбедноста во сообраќајот.

Добитник е на неколку престижни награди.

  1. НАГРАДА „4-ти НОЕМВРИ“ на општина Битолa. Највисоко општинско признание за 2019 година во областа образование и техничка култура.
  2. Прва награда на Европската Комисија и Директоратот за мобилност и транспорт во 2019година во областа безбедност во сообраќајот.
  3. СТАКЛЕНА ПЛАКЕТА од Унгарската асоцијација на транспортни науки, 2018.

Д-р Јасмина Буневска Талевска е носител на почесната титула АМБАСАДОР НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ, доделена од Унгарската академија на транспортни науки, од 2019 година.

 

Активен член на Македонското научно друштво од 2007 година. Во периодот 2007-2009 како Член на управен одбор на Македонско научно друштво именувана за ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ и Член на Редакциски одбор на Списанието „ПРИЛОЗИ“.

Тел.075 295 814

e-mail: jasminа.bunevska@uklo.edu.mk

http://www.tfb.edu.mk/teachers/view/119?l=mac

https://www.linkedin.com/in/jasmina-bunevska-talevska-895222128/