д-р Александар Литовски

д-р Александар Литовски

 

 БИОГРАФИЈА

Доц. д-р Александар Литовски е роден во Битола во 1967 година. Основно и средно образование заврши во родниот град.  Во 1992 година, на Филозофскиот факултет во Скопје – група Историја, ја одбрани дипломска работа и се здоби со звањето – професор по историја. Во мај 2001 година ја одбрани магистерската теза со наслов “Врските и соработката на македонските националноослободителни движења од сите делови на Македонија во 1943 година”, а во јануари 2007 година и докторска дисертација со наслов “Македонската националноослободителна платформа во текот на Втората светска војна (1941-1944).” Вработен е во Институтот за национална историја-Скопје, на работно место научен соработник/доцент во Одделението за нова и најнова историја.  Долги години работеше како кустос-советник во Националната установа – Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола. Член е на Одделението за историско-географски науки и на Управниот одбот при Македонското научно друштво од Битола. Член е на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија формирана во мај 2018. Член на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“. Добитниок е наградата „4 Ноември“ на Општина Битола за 2018 година. Соработува со разни весници и списанија и е член на Здружението на новинари на Македонија. Автор е на повеќе рецензии на книги, изложби со историска тематика, повеќе научни статии и прилози, како и поголем број новинарски колумни, статии и есеи. Автор е на 18 книги и брошури, како и на повеќе научни статии и прилози.

 

Монографии:

  1. Пофалба на македонизмот – Есеи од историјата на македонизмот, Липекс, Битола, 2008, 127.
  2. Македонската националноослободителна платформа во Втората светска војна, Сојуз на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Скопје, 2008, 321.
  3. Јубилејна хронологија на македонското националноослободително движење и антифашистичката борба во Македонија во 2011 година, Битола, 2011, 256.
  4. Одбрана на македонизмот, МНД, Битола, 2012, 93.
  5. Соработката на националноослободителните движења од Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втора светска војна, Здружение на Македонците од Егејски дел на Македонија, Битола, 2012, 274.
  6. За свеста и совеста, Скопје, Аз-буки, 2012, 273.
  7. Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско, Битола, НУ Завод и музеј-Битола, 2012, 202.
  8. Пофална епистола за Јане Сандански и санданизмот, Заедница на организациите на етничките Македонци, Битола, 2015, 170.
  9. Антифашистички белешки, Заедница на организациите на етничките Македонци, Битола, 2015, 429.
  10. Кратка историја на македонската левица, Прогрес-институт за социјална демократија, Битола, 2015, 116.
  11. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2008, Битола, 2008, 37.
  12. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2009, Битола, 2009, 62.
  13. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2010, Битола, 2010, 84.
  14. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2011, Битола, 2011, 112.
  15. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2012, Битола, 2012, 145.
  16. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2013, Битола, 2013, 166.
  17. Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2014, Битола, 2014, 139.
  18. Деведесет години “АБЕЦЕДАР”, МНД, Битола, 2015, 28. (брошура)

 

Статии и прилози:

  1. Влијанието од иницијативата за формирање на Балкански штаб врз програмско-политичките цели на македонското национално-ослободително движење во 1943 година, Гласник на ИНИ 45/1, Скопје, 2001, 27-37.
  2. Македонското националноослободително движење и македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија (октомври-ноември 1944 година), Историја 40/1-2, Скопје, 2004, 101-110.
  3. Згрижувањето на бегалците од Егејскиот дел на Македонија во Битола и Битолско во 1945 година, Етничките промени во Егејска Македонија во XX век, Скопје, 2002, 235-250.
  4. Соработката на ослободителните движења на Македонија, Албанија, Грција и Бугарија и иницијативата за создавање на Балкански штаб во 1943 година, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 15/2004 Битола, 57-70.
  5. Руски документи за Македонија и македонското прашање -приказ-, Годишен зборник на Богословски факултет “Свети Климент Охридски” кн. 10, Скопје, 2004, 165-170.
  6. Ставот на политичкото и военото раководство на ЦК на КПЈ/ВШ на НОВЈ спрема борбата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (август-октомври 1944), Гласник на ИНИ 49/1-2, Скопје, 2005, 343-352.
  7. Местото и улогата на македонските партизански единици во Егејскиот дел на Македонија во ослободувањето на Битола и Битолско, Прилози на Македонското научно друштво – Битола, г. III, бр. 5-6, Битола, 2005, 215-222.
  8. Застапеноста на еврејското и другите национални малцинства во политичката платформа на Македонското националноослободително движење од Вардарскиот дел на Македонија во текот на Втората светска војна, Зборник Историја 3 на Музеј на Македонија, Скопје, 2009, 101-105.
  9. Битола и воено-политичкото дејствување на Македонското националноослободително движење од Егејскиот дел на Македонија во периодот ноември-декември 1944 г., Прилози на Македонското научно друштво – Битола, г. VII, бр. 11-12, Битола, 2010, 249-260.
  10. Македонското националноослободително движење од Вардарскиот дел и македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија (август-средина на октомври 1944 година), Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 16/2013, Битола, 63-77.
  11. Конференција на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола на 3 декември 1944 година, Прилози на Македонското научно друштво – Битола, г. IX, бр. 15-16, Битола, 2013, 237-246.
  12. Крсто Љондев и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 17/2014, Битола, 7-18.
  13. Прилог за убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола во 1926 година, Прилози на Македонското научно друштво – Битола, г. XI, бр. 19-20, Битола, 2015, 17-26.
  14. Македонците од егејскиот дел на Македонија и Грција во 1945 година; Балканот: луѓе, војни и мир, Материјали од меѓународната научна конференција по повод 65 години од соновањето на Институтот за национална историја, Скопје 4-5 ноември 2013, Скопје, 2015, 383-394.
  15. Ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање во 1944 година, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 19/2016, Битола, 7-15.
  16. ВМРО во стратегијата на Третиот Рајх (1943-1944), 70 години македонска историографија, Зборник на трудови од меѓународната конференција одржана на 13 и 14 декември 2016 година во Скопје, Скопје, 2016 415-426. (со коавтор Роберто Трајковски)
  17. Српската пропаганда кон Егејскиот дел на Македонија по Првата светска војна и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, Зборник на трудови од Меѓународен научен симпозиум „Афирмација, продлабочување и   продлабочување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија“   одржан на 30-31 октомври 2015 година, Битола, 2016, 469-475.
  18. Прилог за животот на Васил Кораицовски, борец од Егејскиот дел на Македонија, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, бр. 20, Битола, 2017, 1-12.
  19. Uspostavljanje sopstvenog identiteta, Jugoslavija u istorijskoj perspektivi, Beograd, 2017, 149-171. (со коавтор Љубица Јанчева)
  20. Прилог за третманот на македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија во време на Втората светска војна (до АСНОМ), Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, 21/2018, Битола.

Редактор на брошурата „Наце Димов, Македонија, во минатото, во сегашноста и во иднината“ во 2013 година; Редактор и компјутерска подготовка на брошурата: „Втора конференција за состојбата на македонското малцинство во соседните земји на Република Македонија“ (Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција) Битола, 2012.;

 

Изложби и самостојни или групни музејски и заштитно-конзерваторски проекти

Изложба за Мустафа Кемал Ататурк поставена во Центарот за култура-Битола (1994); Изложба 50-години од ослободувањето на Битола (1994); Стална изложбена поставка за Мустафа Кемал Ататурк во Завод, музеј и галерија-Битола (1994); Изложба 50-години егзодус на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија поставена во Центарот за култура-Битола (1998); Изложба “Илинден” во Средното училиште „Таки Даскалот“ (1998); Спомен-куќа на Конгресот на ТМОРО во Смилево (2003); Експонирање на Битолската плоча во сталната музејска поставка во Завод, музеј и галерија – Битола (2003); Средновековна археолошка карта на Битола и Битолско (2004); Средновековно кале во Битола (2003 и 2004); Стална изложбена поставка за Евреите во Еврејски гробишта Битола (2008); Стална музејска поставка во Н.У. Завод и музеј Битола (2009); Изложба за Егејскиот дел на Македонија во Музеј на Македонија-Скопје (2009); Изложба „Спортот во Битола низ историјата“ (2010); Изложба “Евреите од Битола”. (2011); Изложба “Битола некогаш и сега” (2011); Заштитно конзерваторски основи на ДУП за урбана четврт – Локалитет Француск гробишта (2011); Реализација на музејско-ентериерно уредување на Постојната музејска поставка “Граѓанската војна во Грција” на просторот на Н.У. на Македонија (2011); Обнова на „Музеј Смилево“ (2012); Изложба „Битола што ја нема“ (2012); Изложба „Спомениците во Битола и Битолско“ (2012); Изложба „Отпечатена историја – Турски печати од Битола и Битолско” (2013); Санација на спомен-куќа на Стив Наумов (2013); Изложба „Османлиски културни белези во Македонија“ (2014); Изложба “70 години ослободување на Македонија” (2014); Изложба “Светот знаеше” (за хуманистот Јан Карски) (2015); Изложба „Италија и Македонија: мост долг 100 години – Сведоштва за присуство на италијански војници пред и за време на Големата војна” (2015); Проект “Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” и изложба „Музеј на женски приказни“ (2015); Ревалоризација на „Саат кулата во Битола“; Изработување на заштитно конзерваторски услови на „Капела на Кајмакчелан” на барање на српската амбасада во Скопје и Управата за заштита на културното наследсдство-Скопје (2016); Изработување на заштитно конзерваторски услови за „Џепане”-Битола (2016); Валоризација за студенски дом „Кочо Рацин”-Битола; Изработка на заштитно-конзерваторски основи за просторен план на Национален парк „Пелистер“ (2016); Трибина за одбележување на 40 годишнината од смрта на шпанскиот и антифашистички борец Тане Наумов (2017); Учество во меѓународната конференција: ’’Kulturno nasleđe i EU’’. во рамки на проектот „Kulturno nasleđe i evroskepticizam (’’Countering Euroscepticism through Cultural Heritage Preservation’’ одржана од  4. до 6 мај 2018 година во Домот на културата во Књажевац, Србија); Изработување на заштитно конзерваторски услови за село Ниже Поле (2018); Изложба: „Битолски партизански легенди“, СБМ-Битола. Магаза 10 август 2018.

Ноември 2018 година

Доц. д-р Александар Литовски с.р.