РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „КРЕАТИВНОСТ И КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК“ НА ФИКТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МНД

На 14 ноември 2025 година, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, Битола се одржа едукативна работилница на тема „Креативност и критичко мислење во наставата по англиски јазик“, активност која е дел од годишната програма на Македонското научно друштво – Битола. Работилницата ја водеше проф. д-р Лела Ивановска со цел унапредување на наставниот процес и развој на јазичните, аналитичките и креативните компетенции кај студентите. Работилницата беше реализирана преку интерактивни активности, дискусии и примена на различни наставни методи, кои поттикнуваат активно учество, аргументирано размислување и креативно изразување на англиски јазик.
Преку оваа активност, студентите имаа можност да ги унапредат своите вештини за критичка анализа на текстови, формулирање и одбрана на ставови, како и примена на креативни пристапи во процесот на учење и комуникација на странски јазик.