МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Претседателката на Македонското научно друштво – Битола, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и деканката на Педагошкиот факултет – Битола, проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски потпишаа меморандум за соработка во насока на остварување на заеднички цели поврзани со развојот на високото образование, истражувачката дејност, образованието воопшто, културата и животната средина. Меморандумот беше потпишан на 6 февруари 2025 година во просториите на Педагошкиот факултет-Битола, а со него се предвидува размена на искуства и најдобри практики, учество на настани и активности од заеднички интерес, остварување партнерство во заеднички проекти, организирање на заеднички настани, вебинари, семинари, работилници, промоции, трибини, конференции, одбележување на настани за значајни датуми, јавни настапи и слично.