Изборно Собрание на МНД

Почитувани членови на МНД-Битола, во прилог е Одлука на Управен одбор на МНД-
Битола донесена на редовна седница на УО на МНД-Битола што се одржа на 05.09.2024 г.

О Д Л У К А
Член 1

Врз основа на член 54 и 59 од Статутот на МНД-Битола, Управниот одбор донесе
Одлука за одржување изборно Собрание за избор на претседател, потпретседател,
членови на Управен одбор, членови на Надзорен одбор, претседател и членови на
Уредувачки Совет, претседател и членови на Етичка комисија на МНД-Битола за периодот
2024-2026 година.

Член 2

Изборното Собрание се подготвува и ќе се одржи согласно следниот роковник:
05.09.2024 г. Одлука за одржување изборно Собрание
11.09.2024 г. Известување на членовите на МНД-Битола за донесената одлука, роковникот
и почеток на постапката за поднесување кандидатури за избор на претседател на МНД-
Битола за периодот 2024 – 2026 година.
04.10.2024 г. Завршува постапката за прием и архивирање на кандидатурите за
претседател на МНД-Битола за периодот 2024 – 2026 г.
Кандидатот за претседател на МНД-Битола има обврска да ги исполнува условите од
Статутот на МНД-Битола, и во електронска форма на адресата на МНД-
Битола  mss.bitola@gmail.com   да поднесе:
-Пријава за кандидатура
-Биографски податоци  / CV
-Програма за работа и ресурси за реализација на програмата за периодот 2024 – 2026 г.
07.10.2024 г. Состанок на мониторнинг комисија за текот на постапката за кандидидирање
и утврдување на поднесени апликации согласно Статутот на МНД-Битола
09.10.2024 г. Свикување седница за изборно Собрание на МНД-Битола
17.10.2024 г. Изборно собрание на МНД-Битола
Член 3
Одлуката да се објави на веб страницата на МНД-Битола.

05.09.2024 г.                                                                  Македонско научно друштво-Битола
д-р Невена Груевска, претседател с.р.