Партнерските организации Агросиндикат на РМ, Македонско научно друштво-Битола и Гаус Институт-Битола со завршна конференција го заокружија проектот „Градење одржливо граѓанско општество преку соработка и управување со стратешко лобирање заради поголемо вклучувачко водење на политики и донесување на одлуки”. Проектот во текот на реализацијата се именуваше со акронимот ЛЕССНО бидејќи ги поврзуваше Локалните економско социјални совети и невладините организации.
На завршниот настан што се одржа во хотел „Бест Вестерн“ во Скопје беше промовиран „Нов практичен водич за лобирање“ од доц. д-р Марјан Танушевски, издание на Македонско научно друштво-Битола.
Проектот е поддржан од Европска Унија.