д-р Миме Тасеска – Китановска

 

 

 

 

Родена е на 3.12.1983 г. во Битола. Дипломира во 2006 г. на Педагошкиот факултет во Битола и се стекна со звањето дипломиран учител, каде што во 2012 г. магистрира и се стекна со звањето магистер по педагогија во областа на методиките (тема: Правописните грешки во писменото изразување кај учениците од I и II циклус од основното образование). Од 2013 г. е вонредна студентка на додипломските студии на Педагошкиот факултет во Битола, на насоката Македонски јазик и книжевност, а истовремено и докторантка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на студиската програма Македонистика. Моментално работи на својот докторски труд на темата: Правописот на македонскиот јазик во наставната практика. Има работено како одделенски наставник во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола (учебна 2012 – 2013 г.) и во ОУ „Александар Турунџев“ – Кукуречани (учебна 2014 – 2015 г.). Посетува семинари и учествува на меѓународни конференции со свои стручни и научни трудови. Од 2014 г. е уредник на јазичното катче во списанието „Развигор“.

 

моб. 077 941 018   e-mail: mtaseskakitanovska@hotmail.com