Maja Милевска-Кулевска е рoдена на 9 септември 1980 во Битола.
Завршува oснoвнo и среднo oбразoвание вo Битола. Вo 1999 г. се запишува на Филoлoшки факултет „Блаже Кoнески” на Катедрата за рoмански јазици и книжевнoсти, при Универзитетoт „Св. Кирил и Метoдиј” вo Скoпје. Студиите ги завршува вo 2003г.и се здoбива сo звањето Дипломиран професор по француски и италијански јазик и книжевност.
Во јуни 2011 г. магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје со просек 9,50 бранејќи ја магистерската тема под наслов „Примена на Заедничката Европска референтна рамка за јазиците во наставата по француски јазик во основното образование во Р.Македонија” и се стекнува со звање Магистер по филолошки науки. Во 2016 завршува докторски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје на тема „Примена на Заедничката Европска референтна рамка за јазиците во наставата по француски и италијански јазик во средното образование во Р.Македонија”.
Од 2002 година до денес има посетувано повеќе семинари за стручно усовршување во наставата по француски и италијански јазик на Универзитетот за странци во Сиена и Перуџа, Универзитетот за студии во Милано, Универзитетот во Клермон Феран и била стипендист на Амбасадата на Р.Франција и Амбасадата на Р.Италија, како и на Светската Франкофонска организација.
Од 2003г. до денес е овластен судски преведувач од италијански и француски на македонски јазик и обратно во Основниот Суд во Битола и во Амбасадата на Р.Италија во Скопје.
Од 2007г. е овластен испитувач и одговорно лице за испитите по италијански јазик CILS и DITALS во Македонија од страна на Универзитетот за странци од Сиена, а од 2008г. е овластен испитувач за испитот по француски јазик DELF од страна на испитниот центар Ciep од Франција.
Од 2003 година до денес работи како професор по француски и италијански јазик во Јазичното студио Лингва во Битола, а од 2012 година е лектор по италијански јазик во Бизнис Академија Смилевски. Во 2015 година е избрана за координатор за меѓународна соработка и Erasmus проекти на Академијата Смилевски.Автор е на повеќе научни трудови и на повеќе проекти од областа на образованието.