Вебинар по повод Светскиот ден на здравјето

https://fb.watch/4POcWjPUGE/

Македонското научно друштво – Битола во партнерство со Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и АНИМА – центар за личен развој, психотерапија и едукација  организираа Вебинар по повод Светскиот ден на здравјето.

Вебинарот се одржа на 7-ми април од 18:00 до 20:00 часот преку  платформата Zoom.

Модератор на овој настан беше доц. д-р Невена Груевска, претседател на Македонско научно друштво – Битола и продекан за настава на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Р. Державин“ Свети Николе и Битола.

Здравство:

Предавачи:

Др. Билјана Гагачовска – спец. психијатар и психотерапевт, директор на Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ Битола

Тема :„Човечките ресурси – столб на здравствениот систем во време на пандемија“

Прим. Др. Мери Џарлиева – спец. педијатар-неонатолог

Тема: „Пост инфективен мултисистемски инфламаторен синдром кај децата со прележана Ковид инфекција“

Ана Бунтеска – поетеса

Тема: „Придонесот на поезијата/уметноста во подобрување на квалитетот на животот во време на пандемија“

Психологија:

„Зачувување и унапредување на менталното здравје во време на пандемија на КОВИД-19“

Предавачи:
Вонреден професор д-р Сашо Кочанковски – психолог и Гешталт терапевт – тема: „Менталното здравје во време на пандемија со Ковид-19 – резултати од наши истражувања“

Вонреден професор д-р Марија Котевска Димовска – психолог и Гешталт терапевт – тема: „Улогата на емоционалната интелигенција во заштита на менталното здравје во услови на пандемија“

Вонреден професор д-р Мирослав Пендароски – психолог и психотерапевт – тема: „Егзистенцијалистички дилеми во психологијата на поединецот во време на пандемија“

Вера Димовска – Претседател на АНИМА- центар за личен развој, психотерапија и едукација – тема: „Психолошка поддршка/помош преку телефон во текот на пандемијата од Ковид-19 (наши искуства)“