Македонското научно друштво – Битола и Пелагонските културно-научни средби организираа поетски настан посветен на поетот, раскажувачот, новинарот, општественикот Панде Манојлов. Настанот се одржа на 4 јуни 2025 година во Музеј, галерија и ателје „Ранко Струмениковски“, а го модерираше д-р Лили Бошевска, добитник на минатогодишната награда „Панде Манојлов“ воведена од Пелагонските култуно-научни средби. Настанот го поздравија претседателката на МНД, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и заменик-претседателот на Пелагонските културно-научни средби Никола В. Ристевски. Освен тоа што беше зборувано за ликот и делото на Панде Манојлов, присутните поети читаа и негова поезија осврнувајќи се подетално на неговите стихови за Битола, неговата ангажирана поезија и поезијата за деца.
Панде Манојлов беше долгогодишен и истакнат член на Македонското научно друштво – Битола.

