МНД УЧЕСТВУВАШЕ НА КОМЕМОРАТИВНИОТ НАСТАН ЗА СЕЌАВАЊЕТО НА СИТЕ ЗАГИНАТИ, РАНЕТИ И РАСЕЛЕНИ ЛИЦА ОД СИТЕ ВОЈНИ И СИТЕ НАРОДИ

Македонското научно друштво – Битола со делегација од тројца претставници учествуваше на комеморативниот настан за одбележување на Примирјето од 1918 г. и сеќавањето на сите загинати, ранети и раселени лица од сите војни и сите народи што се одржа на 14 ноември 2025 година во 11 часот и 30 мин. на Француските воени гробишта во Битола. Комеморацијата беше организирана од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, а цвеќе положија амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски,  претставници на армијата, други институции и  делегации меѓу кои и делегацијата на МНД составена од проф. д-р Менде Солунчевски и м-р Стефан Караџовски на чело со проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Друштвото.