Со длабока жалост ја известуваме јавноста дека на 17.11.2025 година почина Здравко Божиновски, научен работник, македонист, фолклорист, писател, поет, препевач на светската класична поезија, лектор по професија и еден од најстарите членови на Македонското научно друштво во Битола (1963). Погребот беше извршен на 18.11.2025 година на Светонеделските гробишта во Битола.
Роден е на 01. 10. 1940 г. во с. Барешани, Битолско. Гимназија завршил во Битола, а Филозофски факултет, група Југословенска книжевност и македонски јазик, во Скопје. Во 1968 год. се вработил како лектор, а потоа како Советник за заштита на македонскиот јазик во Собранието на Општина Битола, од каде во 2005 год. замина во пензија. Има објавено 11 книги во 17 изданија, како и 35 научни статии од областа на нашата национална историја, литература и македонскиот јазик.
„Тука е Македонија“, антологиски зборник со комитски народни песни (коавтор д-р Д. Константинов)
- „Веле Марков“, документарна повест, јубилејно издание по повод 95 годишни- ната од загинувањето на овој крушевски војвода
- „Во пламенот на Вториот Илинден, Воено–политичка монографија на Демир Хисар 1919–1945“ (коавтор Богоја Јоновски, командант на Вториот кру- шевски партизански одред „Питу Гули“)
- „Македонија над се“, сеќавања од Стојан Георгиев Томовичин, претседател на ОМО „Илинден“, Република Бугарија
- „Творби“ (избор од творештвото на Браќата Миладиновци), школска лектира за VII одделение
- „Остап Бендер на нашето време“, сатирична поема
- „Крвавиот бој во Параловските Чукари и јуначката смрт на Ѓорѓи Сугарев“, јубилејно издание по повод 130-годишнината од раѓањето и 100 годишнината од загинувањето на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев
- „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“, универзален џебен прирачник
- „Статии за македонската национална историја, македонската борбена пое- зија, заштитата на македонскиот јазик и др.“
- „Поема за прелестното П“
- „Сказна за царот Самоил“
Учествувал со реферати на 19 конгреси и симпозиуми. Има објавено 14 збирки со македонски препеви од руски јазик од поезијата на 8 светски класични поети.
Добитник е на 17 награди и признанија:
- Наградата „4 Ноември“ на Општината Битола, (1988 г.);
- Наградата „8 Септември“ на Општината Крушево, (1997 г.);
- Наградата „2 Септември“ на Општината Демир Хисар, (1989 г.);
- Главната премија Медал за лауреат со Диплома од Советот на Фондот за култура на гр. Уфа, Башкортостан (Автономна Република во состав на Руската Федерација), за учество на Меѓународниот конкурс „Мы читаем Мажита Гафури“ („Ние го читаме Мажит Гафури“) со две стихотворби на руски јазик: „Мир так маленкий“ (Светот е толку мал“) и „В честь Мажита Гафури“, (2013 г.);
- Бронзена плакета „25 години Македонско научно друштво – Битола“, (1985 г.);
- Плакета за придонесот во афирмацијата на научната мисла во Македонското научно друштво-Битола, (2007 г.);
- Сребрена плакета „50 години Македонско научно друштво-Битола“, (2010 г.);
- Кристална коцка со Благодарница од Македонското научно друштво- Битола, по повод 60 годишниот јубилеј, заради особениот придонес во афирмацијата на Друштвото (2020 г.);
- Наградата „Григор Прличев“ доделена од Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Македонија за збирката „Песни и поеми“, со мој препев од руски јазик на поезијата од А. С. Пушкин, (2005 г.);
- Повелбата „30 Септември“ (Меѓународен ден на светскиот преведувач), добиена од Сојузот на меѓународните литературни преведувачи на Македонија за збирката „Поезија“, со мои препеви од руски јазик на поезијата од Александар С. Пушкин, Михаил Ј. Лермонтов и Сергеј Есенин, (2013 г.);
- Трета награда на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови 1993“, (1993 г.);
- Благодарница од министерот за култура, Слободан Унковски, за особен придонес како надворешен соработник во изготвува- њето на Законот за македонскиот јазик, (1998 г.);
Внесен e во Македонската енциклопедија.

