проф. д-р Драгица Оџаклиеска

 

 

 

 

 

 

 

Биографија од проф. д-р Драгица Оџаклиеска

e-mail: dragica.odzaklieska@uklo.edu.mk

тел. +389 70 276 651; +389 48 427 020

 

Драгица Оџаклиеска е родена на 03.02.1980 година во Прилеп. Основното образование го завршила 1994 година во Крушево, во основното училиште “Никола Карев”, со континуиран одличен успех. Таа учествувала на повеќе натпревари од различни области и добила бројни награди и пофалници на општинско и на републичко ниво. Како резултат на тоа, по завршувањето на основното училиште, користела стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование.Средното образование го завршила во Крушево во 1998 година во државното средно училиште “Наум Наумовски – Борче”, со одличен успех.

По завршувањето на средното образование, во учебната 1998/99 година, се запишала на Економскиот факултет – Прилеп, на насоката маркетинг менаџмент и истиот го завршила на 27 јуни 2002 година, со просечен успех 9,78. Во академската 2001/02 година била прогласена за најдобар студент на генерацијата на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола.

Во учебната 2002/03 год., Д. Оџаклиеска се запишала на последипломскиот студиум по Бизнис администрација – МБА менаџмент (фокусен сегмент – финансиски менаџмент) на Економскиот факултет во Прилеп, каде што предвидените испити ги положила со просечна оценка 9,90. На 14.07.2006 година, пак, успешно го одбранила магистерскиот труд на тема “Долгорочните извори на финансирање и цената на капиталот во функција на оптимализација на финансиската структура на трговските друштва“ и се стекнала со научен степен магистер по Бизнис администрација – МБА менаџмент. На 15.04.2010 година успешно ја одбранила докторската дисертација на тема  Пазарот на капитал во функција на ефикасен портфолио менаџмент“.

Од 2001 до 2004 година беше ангажирана како демонстратор за изведување вежби на Економскиот факултет – Прилеп, и тоа по предметите: финансиски менаџмент, математика за економисти, компјутерска техника и информатика, маркетинг истражување, финансиски пазари и институции и банкарски менаџмент. Од 29.12.2004 година беше вработена како помлад асистент на група финансиски дисциплини. Во јуни 2007 година е реизбрана за асистент по група финансиски дисциплини и е вклучена во наставно – образовниот процес преку реализација на вежбите по предметите: пари и банкарство, финансиски менаџмент, банкарски менаџмент и меѓународни финансии.

На 29.05.2010 година е избрана за наставник по предметот пари и банкарство, а на 16.09.2010 година за наставник по предметот меѓународни финансии, во звање доцент на Економскиот факултет – Прилеп

На 12.07.2015 година е избрана за вонреден професор од областите банкарство и меѓународна економија.

Кандидатката д-р Драгица Оџаклиеска, добро го познава англискиот јазик, а пасивно се служи и со францускиот јазик.

 

 

Учество во реализација на наставата

 

Кандидатката д-р Драгица Оџаклиеска успешно ја реализира наставата на следниве наставни дисциплини на Економскиот факултет – Прилеп:

  • пари и банкарство, меѓународни финансии, монетарна економија – прв циклус на студии;
  • портфолио менаџмент, инвестициско банкарство, менаџмент со финансиски ресурси, управување со обртни средства, монетарна економија – напредно ниво, банкарски менаџмент- напредно ниво – втор циклус студии.
  • Меѓународни бизнис финансии-трет циклус студии

 

Во академската 2014/2015 год. кандидатката изведуваше настава по предметот финансиски менаџмент на прв циклус студии на Факултетот за информатички и комуникациски техннологии во Битола.

 

 

Д-р Драгица Оџаклиеска досега била ментор на 12 магистерски трудови и на над 100 дипломски трудови, била член во комисиите за оценка и одбрана на повеќе магистерски трудови, како и член во комисиите за оценка и одбрана на неколку докторски дисертации, со што активно партиципирала и дала свој придонес во стручното и научното усовршување на помлади наставници.

Од октомври 2014 год. кандидатката д-р Драгица Оџаклиеска ја извршува функцијата секретар на Катедрата за економија и развој. Исто така, таа е член и на Комисијата за самоевалуација на Економски факултет-Прилеп.

Од 01.10.2018 година, д-р Драгица Оџаклиеска ја извршува функцијата Декан на Економски факултет – Прилеп, со мандат до 2002 година.

 

Учество на семинари, работилници, обуки и проекти

 

Д-р Драгица Оџаклиеска досега учествувала во следниве меѓународни проекти:

  • Проект за повеќедимензионалното интернационално рангирање на УниверзитетитеU-Multirank, финансирано од Европската комисија, 2013 година;
  • Continuing Education in European Affairs: Establishment of a “European Integration Training Center (EITC), TEMPUS JEP – 17013-2002;
  • Заеднички европски ТЕМПУС проект 18023-2003, под наслов “Интегрирање и структуирање на меѓународната соработка на универзитетите во Република Македонија”.

 

Реализирани кратки престои во странски универзитети

Кандидатката Оџаклиеска има реализирано студиски престој во Bruges, Белгија (College of Europe) во Рамките на ТЕМПУС проектот за Континуирана едукација за европски работи: основање Тренинг центар за европска интеграција, од 04.07.2005 до 22.07.2005 година.

 

 

Список на објавени научни трудови

Објавени трудови во периодот 2010 – 2019

 

  1. Tatjana SPASESKA, Dragica ODZAKLIESKA, Aneta RISTESKA-JANKULOSKA,

Fanka RISTESKA, he Effects of Mandatory Listing on Capital Market Development in Republic of Macedonia, nternational Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series – Tekirdağ, 2019

  1. Marija Midovska Petkoska PhD, Snezana Mojsovska Salamovska PhD, Dragica Odzaklieska PhD, Financial perspective in the system for measuring organizational performance – case study food industry in the Republic of Macedonia, 2nd International conference  “Fostering Sustainable Development in Business, Tourism and Agriculture in Balkan Countries” 7 – 8 December, 2018
  2. Fanka Risteska Aneta Risteska Jankuloska Dragica Odzaklieska Tatjana Spaseska , Supply Chain Management – Models and New Trends, IX. Internatonal Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series – Edirne / Turkey, 2018
  3. Dragica Odzaklieska, Gordana Trajkoska, Gordana Vitanova, Tatjana Spaseska, Challenges in Capital Market Development in Republic of Macedonia, 5th Scientific Conference with International Participation “Economy of Integration” ICEI 2017, The Role of Economic Thought in Modern Environment,  Tuzla, Bosnia and Hercegovina, 2017
  4. Vitanova Gordana, Trajkoska Gordana, Odzaklieska Dragica, Spaseska Tatjana, Risteska Fanka, Credit Risk Management in Banking Institutions in Republic Of Macedonia, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series IV. IBANESS Congress Series-Russe / BULGARIA April 08-09, 2017
  5. Fanka Risteska Tatjana Spaseska Aneta Risteska-JankuloskaDragica Odzaklieska, Contemporary Financing Models of Infrastructural Projects with particular Reference to Public Private Partnership in Macedonia, 5th Scientific Conference with International Participation “Economy of Integration” ICEI 2017, THE ROLE OF ECONOMIC THOUGHT IN MODERN ENVIRONMENT,  Tuzla, Bosnia and Hercegovina, 2017
  6. Risteska Fanka, Spaseska Tatjana, Risteska Aneta, Gveroski Miroslav, Odzaklieska Dragica, The Role and the Importance of the Financial Management and Control System in Functioning the Public Sector in RM, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series IV. IBANESS Congress Series-Russe / BULGARIA April 08-09, 2017
  7. Spaseska Tatjana, Risteska Aneta, Vitanova Gordana,,Odzaklieska Dragica, Risteska Fanka, Analysis of Knowledge About Capital Market Activies in Republic of Macedonia, Ekonomika, Scientific Review Article, Nis, No.2 2016
  8. Spaseska Tatjana, Vitanova Gordana, Sotiroski Kosta, Odzaklieska Dragica, Risteska Aneta, Risteska Fanka, The Impact of Macedonian Stock Exchange Performance on Economic Growth in Republic of Macedonia, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series IV. IBANESS Congress Series-Prilep, Macedonia, October 29-30, 2016
  9. Vitanova Gordana, Trajkoska Gordana, Odzaklieska Dragica, Spaseska Tatjana, Sotiroski Kosta, Life Insurance in Republic of Macedonia – Luxury or Necessity, TEM Journal –  Volume 3/Number 2/2014
  10. Spaseska Tatjana, Risteska Aneta, Risteska Fanka, Sotiroski Kosta, Vitanova Gordana, Odzaklieska Dragica, Determinants of Banks’ Profitability in Republic of Macedonia, UCB Annals of Constantin Brancusi No. 2 /2017 Economy Series
  11. Tatjana Spaseska, Aneta Risteska, Dragica Odzaklieska, Fanka Risteska, Profitability Analysis of the Banking Sector in Republic of Macedonia, VIII. Internatonal Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series – Plovdiv / Bulgaria

 

  1. Trajkoska G., Odzaklieska D., Strategies for managing the derivative financial instruments, 16th International Scientific Symposium, Strategic management and Decision Support Systems in Strategic Management, Conference Proceedings, SM 2011, Faculty of Economics, Subotica, 2011;
  2. Vitanova G., Trajkoska G., Odzaklieska D., Analysis of people’s information about the reformed retirement plan in the Republic of Macedonia, Majska konferencija o strategijskom menadzmentu, Univerzitet u Beogradu, Tehnicki fakultet u Boru, maj 2012, str. 769-780;
  3. Odzaklieska D., Trajkoska G., Vitanova G., Portfolio management in banking institutions of the Republic of Macedonia, International Conference, South –East European Countries towards European Integration, University Aleksander Xhuvani, Faculty of Economics, Elbasan, Albania, ISSN 2221-5956, October, 2012, p. 365-370;
  4. Odzaklieska D., Vitanova G, Trajkoska G., The capital market development in the function of efficient portfolio management in the Republic of Macedonia., 2nd REDETE 2012 Conference, International Scientific Conference Economic Development and Enterpreneurship in Transition Economies:A Search For New Paradigms, Conference Proceedings2012 (ISSN 2233-1034, ISBN 978-99938-46-54-3), Banja Luka, October, 2012, 240-247;
  5. Bishev G., Odzaklieska D., Effects of the Global Economic Crises on the Economies of the Western Balkan, International Conference Economic Integration, Competition and Cooperation, Conference Proceedings, University of Rieka, Faculty of Economics, april 2013, p. 210-220;
  6. Vitanova G., Trajkoska G., Odzaklieska D., Reformed pension fund’s perspectives on the financial market in the Republic of Macedonia, 18th International Scientific Symposium, Strategic management and Decision Support Systems in Strategic Management, Conference Proceedings, SM 2013, p.356-365;
  7. Odzaklieska D., Sotiroski K. Todoroska M., Development Perspectives of Investment Funds in Republic of Macedonia, TEM Journal (Technology Education Management Informatics ISSN: 2217-8309, (Print), eISSN: 2217-8333 (Online).Vol.2, N0.4, November 2013, p. 341-349;
  8. Vitanova G., Odzaklieska D., Trajkoska G., Equity financing and the issuance of securities on the Macedonian Stock Exchange, International Scientific Conference Economy of Integration ICEI 2013, Conference Proceedings, University in Tuzla, Faculty of Economics, Tuzla, December 2013, p. 565-579;
  9. Odzaklieska D., Trajkoska G., Vitanova G., Options as an instrument for risk management, International Scientific Conference Economy of Integration ICEI 2013, Conference Proceedings, University in Tuzla, Faculty of Economics, Tuzla, December 2013, p.471-483;
  10. Vitanova G, Trajkoska G., Odzaklieska D., Spaseska T., Sotiroski K., Life insurance in Republic of Macedonia – Luxury or Necessity, TEM Journal (Technology Education Management Informatics), ISSN: 2217-8309, (Print), eISSN: 2217-8333 (Online), Vol.3, N0.2,  May 2014, p. 134-139;
  11. Vitanova G, Trajkoska G., Odzaklieska D., Sotiroski K., Kuzmanoska S., Knowledge of the population in the purpose of developing investment funds in Republic of Macedonia, Annals of the “Constantin Brâncuşi” University of Târgu Jiu, ECONOMY SERIES, ISSUE 2/2014, “ACADEMICA BRÂNCUŞI”, ISSN 2344 – 3685/ ISSN-L 1844 – 7007, Târgu Jiu, May, 2014, p.52-61;
  12. Витанова Г, Оџаклиеска Д., Лизингот како форма на финансирање на деловните субјекти во Република Македонија, Еквилибриум бр.15, Економски факултет, Прилеп, 2014, стр.15-17;
  13. Vitanova G, Trajkoska G., Odzaklieska D., Investing in pension funds as security factor in the third age of life, International Scientific Journal Horizons, University St. Kliment Ohridski, Bitola, Volume 14, September 2014, p.121-131;
  14. Trajkoska G., Vitanova G., Odzaklieska D., Spaseska T., Alternative sources of  SMEs financing in Republic of Macedonia, International Conference SMEs Development and Inovation:Building Competitive Future of South-Eastern Europe, Conference Proceedings, October, 2014, p.891-899;
  15. Vitanova G., Odzaklieska D., Credit risk management in the Republic of Macedonia during the post-recession, труд презентиран на Меѓународната научна конференција The economy and business in post-recession, Економски факултет-Прилеп, 29 октомври 2010.
  16. Финансиската политика на стопанските субјекти во функција на оптимализирање на залихите, Годишник на Економскиот факултет, Прилеп, 2003, (во коавторство);
  17.  Капиталната структура на стопанските субјекти во функција на максимизирање на профитабилноста, Годишник на Економски факултет – Прилеп, 2005, (во коавторство);
  18.  Извештајот за паричните текови како релевантна подлога за донесување деловни одлуки, Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција на тема “Предизвиците на новата економија”, Охрид, 2005, (во коавторство);
  19.  Долгорочните извори на финансирање и цената на капиталот во функција на оптимализација на финансиската структура на трговските друштва, магистерски труд, Економски факултет, Прилеп, 2006;
  20. Informisanje u funkciji zaštite interesa investitora, Ekonomske teme No.3, Ekonomski fakultet, Niš, YU ISSN 0353-8648, 2007 godina, (во коавторство);
  21. Cash flow statement – Financial policy instrument for the enterprise in transition, Majska konferencija o strategiјskom menađmentu, Bor, 2007, (во коавторство);
  22.  Notification as the core element towards investors’ interest protection, International Scientific Conference ECO-Trend 2007, University of Târgu – Jiu, Romania, 2007, (во коавторство);
  23.  Оption strategies as an instrument for the companies financial policy, Меѓународна конференција на тема “Бизнисот и глобализацијата”, Охрид, 2007, (во коавторство);
  24.  Futures contracts as an instrument for increasing the portfolio performances, International Scientific Conference ECO-Trend 2008, University of Târgu – Jiu, Romania, 2008;
  25. Macedonian Stock Exchange development in the period of transition, Majska konferencija o strategiјskom menađmentu, Tehnicki fakultet, Bor, 2009, (во коавторство);
  26. The meaning of investment funds for the development of the stock market in the Republic of Macedonia, International Scientific Conference ECO-Trend 2009, University of Târgu – Jiu, Romania, 2009, (во коавторство);
  27. Пазарот на капитал во функција на ефикасен портфолио менаџмент, докторска дисертација, Економски факултет, Прилеп, 2010.

 

 

Покрај наведените трудови, автор е и на следниве учебни помагала:

  1. Портфолио менаџмент, проф. д-р Драгица Оџаклиеска во издание на Економскиот факултет – Прилеп
Close Menu