М-р Николче Трајчески
Николче Трајчески е роден 1972 година во Битола. Дипломира на Економскиот факултет во Прилеп. Магистрира финансиски менаџмент на Економскиот Институт во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на тема ” Странските директни инвестиции во банкарскиот сектор во Република Македонија во периодот 1991-2012 година” .
Во 2001 година се стекнува со Сетрификат за овластен посредник на пазар на капитал и хартии од вредност од страна на Комисија за хартии од вредност на РМ и Secyrities Instityte London.
Во 2008 година се стекнува со лиценца за Проценител на вредноста на претпријатија од Економскиот факултет во Скопје.
Има лиценца за овластен сметководител.
Има учествувано на домашни и меѓународни обуки и семинари во организација на: Министерство за финансии на РМ, НБРМ, Земјоделски дисконтен кредитен фонд, Институт за пословна истраживања МБА Белград и Центар за истражување и едукација Скопје, Стопанска Комора на РМ, Financial Technology Transfer Agency, Luxembourg , ACADEMY OF BANKING AND INFORMATION TEHNOLOGY SKOPJE, ИНСТИТУТ ПОСЛОВНА ИСТРАЖИВАЊА-МБА БЕОГРАД , УСАИД и др.
Во академската 2016/2017 и 2017/2018 година од страна на Наставно научниот совет на Економскиот факултет во Прилеп е избран за предавач за клиничка настава, како истакнат стручњак од пракса за предмети од областа на банкарството.
Од 2001 година работи во Стопанска Банка а.д. Битола и моментално е Раководител на одделот за trade finance.
Професионален фокус: банкарство и финасии, корпоративно кредитирање, анализа и оценка на инвестициони проекти, кредитни ризици, trade finance.
Од 2017 година е член на МНД Битола.