д-р Гоце Маркоски


Б И О Г Р А Ф И Ј А

 

Д-р Гоце Маркоски е роден 25.04.1972 год. во Битола, каде завршил основно образование. Средното образование го завршил во ЕМУЦ „Ѓуро Салај“-Битола со континуирано одличен успех.  По регулирањето на воените обврски во 1991 година започнува со студирање на Техничкиот факултет-Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола каде дипломирал во 1995 година на електро-техничкиот отсекот и се стекнува со звање Електро-технички инженер. Истата година  се запишува на Економскиот факултет-Прилеп, статистичко-кибернетска насока при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, каде дипломира  во 2000-та година, и се стекнува со степен Дипломиран економист. Во 2008 година  се запишал на последипломски студии на департментот – Бизнис Администрација МБА – менаџмент на Економскиот факултет-Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола каде постигнува солиден успех во просек од 8,9 од положените испити, а магистерскиот труд го одбрани во 2011 година на тема „Развојните перспективи на семејните бизниси во Република Македонија“, стекнувајќи се со научно звање магистер на економски науки Бизнис Администрација МБА – менаџмент. Своето образование го заокружува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде на 23.09,2015 година успешно го одбрани својот докторски труд под наслов „Кластерите како инструмент за развој на семејните бизниси во Република Македонија“, и се стекан со звање Доктор по Економски науки.

 

Својот работен ангажман го започнува во 2002 година кога се вработува како комерцијалист во ДООЕЛ Стентон Битола, каде останува до 2005 година. Во 2006 година се вработува во АД Родон Битола во секторот за транспорт и шпедиција. Oд 2007 година, вработен е во Централната стручна и административна служба на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на работно место советник за координација помеѓу универзитетот со стопанските и нестопанските субјекти, каде сите работни задачи ги извршува стручно и професионално.

 

Учествува на повеќе семинари и обуки и тоа: Во 2008 година учествува на обука  за стручно усовршување на тема соработката помеѓу универзитетот и бизнисот, и  на семинар на тема „Јавно-приватно партнерство. Во 2009 година зема учество на конференција на тема ,,Do entrepreneurs need support” во Ротердам,  Холандија како и на работилница на тема „Devеlоpment  teaching trajectory“ во Амстердам, Холандија. Истата година учествува на конференција за „Можности за развој на малите и средни претпријатија во југоисточна Европа“ во склоп на манифестацијата „Крагуевац Европски претприемачки град“, Р.Србија како и на повеќе трибини како „претприемништвото во високото образование“, промоција на концептот на доживотно учење или образование за возрасни – Live Long Learning (LLL) и industry-academia partnership. Во 2010 година зема учество на повеќе работилници како: „Градиме партнерства“, Работилница на тема “Јавно приватно партнерство“, обука за mentornship of interns and internship methodology во рамките на USAID the Competitiveness project. Во 2011 година учествува на меѓународната конференција за регионален развој на Западен Балкан и на интернационалната конференција „Жената и бизнисот“  во организација на Универзитетот во Тракија, Р. Турција. Истата година учествува на обука на тема „The easiest way to manage project”, во Подгорица, Црна Гора како и на обука за “Претприемништвото во формалниот образовен систем во Република Македонија“.  Во 2012 година учествува на 43-rd EUKEN conference “Universities` Engagement in and with Society”,во Грац Австрија како и реализира три студиски патувања во рамките на проектот INTERFACE и тоа на Универзитетот во Грац Австрија, Универзитетот во Ливерпул Англија  и на Нов Бугарски Универзитет, Софија Р. Бугарија. Истата година учествува на конференција на тема „Што ние правиме за малите и средни претпријатија“. Во 2013 година реализира студиски престои на Wiena University (WU)- Vienna, Австрија и на Универзитетот во Ниш, Р. Србија. Истата година учествува на конференција за развој на кариера во Ниш, Р. Србија како и на обуки за градење капацитети за структурни реформи во високото образование во Скопје и обука за кариерни центри во Охрид.  Во 2014 година учествува на финалната конференција “Developing and setting up Measure for Initiating, enhancing and Sustaining Higher-Education-Society Cooperation”, на Универзитетот во Нови Сад, Р. Србија.

 

Во своето стручно творечко и професионално искуство има напишано повеќе трудови кои се одраз на неговиот интерес за проучување на областите Претприемништвото и Семејните  бизниси  и тоа:

 

Економската теорија за улогата на државата во стопанството“, Економски факултет, Прилеп, 2001;

 

„Претпријатијата и условите на работењето во окружувањето“, семинарска работа, Економски факултет, Прилеп, 2008;

 

„Теории за мотивација и нивната примена во јавната администрација“, Економски факултет, Прилеп, 2009;

 

„Развојни перспективи на семејните бизниси во Република Македонија“, магистарски труд, Економски факултет, Прилеп, 2011;

 

„Поттикнување на економскиот раст  преку призмата на развој на семејните бизниси“, стручен труд, Научно списание Хоризонти, 2011;

 

„Значењето и улогата на семејните бизниси и нивниот придонес во економсиот развој на РМ, во издавање, 2011;

 

„Поттикнување на економскиот раст  преку призмата на развој на семејните бизниси“, стручен труд, Научно списание Хоризонти, 2011;

 

„Претприемачкиот менаџмент во јавниот сектор“,стручен труд, Научно списание Хоризонти, 2011;

 

“Impact оf Family Businesses In The Development оf The National Economy In The Republic оf Macedonia”, I L I R I A INTERNATIONAL REVIEW ISSN 2192-7081 2012/2 Prishtina, 2012;

 

„Importance And Role Of Family Business And Their Contribution To Economic Development of RM“ , – HORIZONS, International Scientific Magazine, Bitola, 2013;

 

The role and influence of entrepreneurship on the growth and expanding of small and medium enterprises in the republic of Macedonia, I L I R I A INTERNATIONAL REVIEW 2013/1 Prishtina, 2013;

 

Значење,  улога  и  карактеристики на семејниот  бизнис“, II Меѓународна научна Конференција, БАС Институт за менаџмент-Битола и Универзитетот „Булент Еџевит“ – Зонгулдак, Турција 2013;

 

“Elements Of Entrepreneurial Environment For The Family Business Development”, HORIZONS, International Scientific Magazine, Bitola,  2014;

 

Clusters And Their Contribution To The  National Economies DevelopmentHORIZONS, International Scientific Magazine, Bitola,  2015;

 

Clusters And Their Contribution To Increasing The Competitiveness Of Family Businesses In The Republic Of MacedoniaHORIZONS, International Scientific Magazine, Bitola,  2017;

 

Поседува сертификати за:

 

Напредни техники за MICROSOFT  EXCEL, 2009

 

Successful completion of training for mentorship of interns and internship methodology, National internship and job placement program, USAID, 2010.

 

First International Balkan Woman and Business conference, University St Kliment Ohridski Bitola, September, 2011.

 

International Training Quality System Auditing ISO 9001/2008 Training Course, SGS Bulgaria Ltd, Skopje, 2011.

 

Successful completed training course Project Implementation Training, SPARK – Enabling Private Sector Development in the Western Balkan, Podgorica, Monte Negro, 2011

 

43-rd EUCEN European Conference “Universities` Engagement in and with Society, University of Graz, Austria, May 2012.

 

International Training Quality System Auditing ISO 9001/2008 Training Course, by passing written examination according requirements of ISO 19011:2011, SGS Bulgaria Ltd, Sofia, 2013.

 

 

УЧЕСТВО НА ПРОЕКТИ:

 

2010            Researchers’ night in Republic of Macedonia 2009 (FP7) (administrative support);

 

2011            Research Visibility 2010 – Macedonia (FP7) (administrative support);

 

2012            Research Visibility 2011 – Macedonia (FP7) (administrative support);

 

2011-2013   INTERFACE  – Developing and setting up measures for initiating, enhancing and sustaining Higher-Education -Society (administrative support)

 

2015-2017  „Проценка на деградација на почвата и рехабилитациони стратегии за планирање на одржливо искористување на земјиштето”/” Soil Degradation Assessment and Rehabilitation Strategies for Sustainable Land Use со акроним ТЕРРА МЕД.(Заменик финансиски менаџер)

2015-2016   Вмрежување преку водите, тематски парк”/”Water protection park thematic park” со акроним WATЕR.NET

2016-2017   Твининг проекто помеѓу  инистерството за образование и нука на РМ, и  соодветните министерства од Франција и Северна Ирска-Развивање на соработката помеѓу Високообразовните институции, Приватниот сектор и релевантните органи МК 13 IPA SO 01 16 R

 

 

 

 

Close Menu