Проф. д-р Марјан Танушевски
Редовен член на МНД-Битола (2009), магистрирал и докторирал на тема лобирање, избран надворешен соработник на Академијата на науките АНУБИХ-Сараево и избран вонреден професор на БАСИМ-Битола. Автор е на 10 стручно-научни книги на македонски, англиски и албански јазик, автор е на една аудио книга и над 100 научни трудови објавени во државата и странство. Проф. д-р Марјан Танушевски е и автор на јубилејна монографија „60 години МНД-Битола“.
Во МНД-Битола раководи со апликативен Центар за лобирање (2010), ја вршел функцијата претседател на Уредувачки совет на МНД-Битола (2014-2016), а во периодот 2016-2020 година, во два мандати проф. д-р Марјан Танушевски ја врши функцијата претседател на Македонско научно друштво-Битола.
М: 0038975284513
Е: martan@t.mk