д-р Лили Бошевска

Д-р Лили Бошевска

Родена на 12.12 1966 во Битола.

Докторирала во 2013 година, на Универзитетот „Св, Климент Охридски“- Битола со докторската дисертација: Модел за стратегиско менаџирање за континуирано подобрување на успешноста на организацијата со користење на соодветни форми на комуникација и односи со јавноста.

Магистрирала во 2004 год на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје Р. Македонија, Институт за социолошки и политичко- правни истражувања; Постдипломски студии по кадровски менаџмент. Магистерска теза: “Моделирање на програма за базична обука на училишни директори, според потребните менаџерски компетенции”

Дипломирала во 1998 година како Професор по техничко образование на Педагошко технички факултет-Универзитет Крагуевац, а претходно во 1992 година на Технички факултет- Битола.

Во областа на културата и уметноста, работела како новинар и уредник во Телевизија Орбис, а потоа професор и стручен соработник- библиотекар во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола. Креирала и реализирала бројни обуки и консултантство во образование и бизнис сфера, во повеќе релевантни проекти и институции (Фонд за развој на човечки ресурси- Скопје, Агенција за развој на претприемништво АППРМ-Скопје, УСАИД, Технички факултет-Битола, Факултет на Југоисточна Европа ЈИЕУ-Тетово, ИОМ-Скопје, ФОН-Скопје ).

 

Од 2008-2016 година е директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, a од 2016- 2017 директор на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола.

Close Menu