https://mnd-bitola.mk/wp-content/uploads/CVDanielaATrajkovskanov_MK_GB6.pdf
Емаил: dandonovskatrajkovska@yahoo.com
daniela.andonovska@uklo.edu.mk
Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола, Р. Северна Македонија) е поет, прозаист, книжевен критичар, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Акредитиран ментор е на магистерски и докторски студии со објавени над 100 стручни и научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници. Била на повеќе студиски престои во странство и учествувала на бројни меѓународни конференции. Дел е од менаџерскиот тим на КОСТ-акцијата (COST – European Cooperation in Science and Technology) Transnational Collaboration on Bullying, Migration and Integration at School Level (EU) со седиште во Брисел како претставник на Р. Северна Македонија во кој учествуваат 38 земји членки (2019-денес).
Коосновач е на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО, а иницијатор е и за создавањето на Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет – Битола каде активно работи на проекти од областа на книжевноста.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и на Битолскиот книжевен круг (БКК). Член е и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола и претседател на Уредувачкиот совет на МНД (2016-2020). Главен уредник е на списанието „Раст“ (БКК), уредник е и на списанијата „Современи дијалози“ (МНД), „Книжевни елементи“, на циклусот поетски збирки со наслов „Збор во зборот“ и на неколку монографии.
Ги има објавено следниве книги поезија: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, 2015), „Црна точка“ (2017), „Стапалки“ (2017), „Три“ (2019), „Куќа на контрасти“ (2019), „Електронска крв“ и збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ (2019). Нејзината поезија е објавувана и преведувана и во земјата и во странство.
Добитник е на меѓународна награда Носиде, Италија (2011), награда од Друштвото на писатели на Македонија за најдобра необјавена песна на Празник на липите (2018), „Крсте Чачански“ за најдобра необјавена збирка раскази (2019) и Националната награда Караманов 2019 за поезија. Поезијата ѝ е преведена на многу светски јазици и објавена во реномирани книжевни списанија во земјата и странство.
Full prof. d-r DANIELA ANDONOVSKA-TRAJKOVSKA
Republic of North Macedonia
Емаил: dandonovskatrajkovska@yahoo.com
daniela.andonovska@uklo.edu.mk
Daniela Andonovska-Trajkovska (born February 3, 1979, Bitola, North Macedonia) is doctor of pedagogy, and she works as full time university professor at the Faculty of Education-Bitola, St. “Kliment Ohridski” University-Bitola, Republic of North Macedonia for the courses: Methodology of Teaching Language Arts, Creative Writing, Critical Literacy, Methodology of Teaching Early Reading and Writing, etc. She has been in several study visits abroad and has participated in many international conferences. Andonovska-Trajkovska’s scientific papers (over 100 articles) are published in many international journals in various scientific data basis with impact factor. She is co-founder of the University Literary Club “Denicija PFBT UKLO” and also of the Center for Literature, Art, Culture, Rhetoric and Language at the Faculty of Education-Bitola. She is member of the Macedonian Writers’ Association, and The Bitola Literary Circle, and president of the Macedonian Science Society Editorial Council (2016-2020). She is the editor in chief of the literary journal “Rast” issued by the Bitola Literary Circle, and also – editor of the International Journal “Contemporary Dialogues” (Macedonian Science Society), and “Literary Elements” Journal (Perun Artis), several poetry and prose books. Besides her scientific work published in many international scientific journals, she writes poetry, prose and literary critics. She has published one prose book: “Coffee, Tea and the Red Sky” (2019), and 7 poetry books: “Word for the Word” (2014), “Poems for the Margins” (2015), “Black Dot” (2017), Footprints” (2017), “Three” (2019), and “The House of Contrasts” (2019), and “Electronic Blood” (2019). She has won special mention at the Nosside World Poetry Prize (UNESCO, 2011), the award for the best poem at the Macedonia Writers’ Association Festival (2018), “Krste Chachanski” prize for prose (2019), and National “Karamanov” Poetry Prize 2019. Her poetry is translated in many world languages and published all around the world.