Новости

Позначајни настани 2011

10.02.2012 г.

Во Македонското Научно Друштво почнувајки од 2011 год. се воведе Летописна книга за позначајните настани и активности кои што се случуваа во Друштвото или поврзани со него. Сите членови можат да даваат предлози, мислења и забелешки за содржината на оваа Летописна книга на е-маил адресата на Друштвото borisangelkov@yahoo.com

На 11.01.2011 год. во 13:00 е одржана Свечената Седница на Управениот Одбор на МНД (бр. 47) на која беа доделени сертификатите на првата генерација завршени лобисти. Исто така, се потпиша Меморандумот за соработка, взаемна поддршка, спречување на корупцијата и судирот на интереси.

На 07.02.2011 год. беа публикувани два учебници “Земјоделско машинство” и “Земјоделски машини и механизација” во електронска форма од авторот Проф. д-р Елизабета Христовска.

На 15.02.2011 год. од страна на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ и Проектот “Градење на капацитетите за создравање економија базирана на знаење” во Скопје на Претседателот на МНД Битола проф.д-р.сц.Борис Ангелков и на неговите соработнички Елизабета Чашитовска и Сузана Шулевска им беа доделени лиценци за Сертифицирани консултанти за мали и средни претпријатија.

На седницата на Собранието на МНД одржана на ден 17.02.2011 год. донесена е одлука за измени и дополнувања на Статутот на Македонското научно друштво Битола.

Предлагач работна комисијата:М-р Божидар Кочов, д-рМимоза Бакиевска,проф. д-р Јосиф Талевски и проф.д-р. сц.Борис Ангелков.

На 25.02.2011 год. во 20:00 Битолски весник организира доделување на наградите за најуспешни во 2011 год. во хотел Епинал, каде што МНД доби диплома за најуспешни Битолчани од областа на науката, која ја прими Претседателот на МНД проф. д-р сц. Борис Ангелков.

На 02.03.2011 год. Се одржа 48-та редовна седница на Управниот Одбор на МНД Битола на која се разгледуваше завршната финансиска сметка за 2010 год. , исто така беше усвоен предлогот за формирање на центри за обука и примена: Центар за енергетика и екологија, Центар за етнологија и фолклор, Центар за Односи со јавноста и журналистика.

На 09.03.2011 год. МНД во соработка со Друштвото за македонско-еврејско пријателство-Битола и НУ Завод и Музеј-Битола организираа: Комеморација по повод на депортацијата на еврејското население од Битола на 10/11 Март 1943 кој се одржа во 18:00 во клавирската сала во НУ Завод и Музеј-Битола.Пригодно предавање поднесе  доц. д-р Никола Димитров. Настап имаше и Камерниот хор „Ad libitum art “ при МНД под диригетство на д-р Екатерина Јосифовска.

На 12.03.2011 год. во 12:00 во Скопје, од страна на ЕЛСА РМ-европско здружение на студенти по право во Македонија, кое функционира во рамките на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, се одржа обуката за студенти на тема лобирање. Предавањата ги водеше раководителот на центарот за лобирање при МНД м-р Марјан Танушевски.

На 28.03.2011 год. во 12:00 се одржа годичното Собрание на МНД кога им беа доделени признанија на заслужни членови на МНД Битола и други поедници и организации, по повод 50 годишнината на МНД. Согласно донесената Одлука на Свечената седница на Собранието одржана на 02.11.2010 год.. За почесни членови на МНД Битола беа избрани: Почесен доктор на науки на Универзитетот „ Св. Климент Охридски “-Битола проф. Владимир Костов, Академик Владо Камбовски, Академик Глигор Каневче. На Собранието се усвои предлогот за новиот Статут на МНД, усогласен со новиот Закон за здруженија и фондации донесен во 2010 год.

На 01.04.2011 год. во рамките на Центарот за лобирање при МНД Битола одржана е официјална средба со г-дин Борис Поточар, познат и признат лобист од Р.Словенија.

Од 11.04.2011 до 16.04.2011 год. е одржан курс за HACCP. На крајот од обуката беа доделени сертификати.

На 18.04.2011 год. е одржана Интернационалната конференција “PREBIOTICS AND PROBIOTICS POTENTIAL FOR HUMAN HEALTH SOFIA R.BULGARIA” на која  со свој труд учествуваше проф.д-р.сц.Борис Ангелков и неговите соработници:                 м-р.Сузана Шулевска и Елизабета Чашитовска

Од 20.04.2011 до 30.04.2011 год. Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот “Етно-Илинден Битола” при МНД во соработка со Н.У Музеј и Галерија Битола организираа изложба на народни носии и ракотворби “Велигденски традиции”. Изложбата беше свечено отворена во 18:00 во „Магазата“ со благослов на Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско-Ново Зеландски, г-дин.Петар. На изложбата ја посетија  точно 1.498 посетители.

Од 21.04.2011 год. излезе од печат книгата “Педагошка сексологија”  и „Гласот на срцето“ од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола.

На 04 и 05.05.2011 год. се организираа “Единаесетти Пелагониски културно научни средби” во с.Логоварди, на кои проф.д-р.сц.Борис Ангелков зеде учество со својот труд “Развој на биолошко-еколошко сточарење во мариовскиот регион”. На средбите настапија и други членови на МНД.

На 06.05.2011 год. во 12:00 МНД во соработка со Здружението на граѓани “Дамјан Груев” Битола организираа Јавна трибина на тема: “Смилевски конгрес” на која зедоа учество д-р Ванчо Ѓоргиев, м-р Јован Кочанковски и проф.Ѓорги Димовски-Цолев, модератор: д-р.Александар Литовски.

На 23.05 до  во 09:00 започна обуката која ја организираше Министерството за економија на тема “Програма за претприемништво и иновации ЕИП”. Обуката ја следеа проф.     д-р.сц.Борис Ангелков, Елизабета Чашитовска, м-р Сузана Шулевкса, дипл.инг.ел. Јован Јанков и м-р Марија Котевска. Од страна на МНД беше елаборирана проект идеја под наслов: “Заштеда на вода и хемиски средства во прехрамбената дејност”.  Обуката траеше до 16:30.

На 25.05 во 09:00 продолжи обуката за ЕИП-програма, каде Јован Јанков со својата група даде предлог идеа под наслов “Топлификација на Општините Битола, Новаци и Могила”. Обуката траеше до 16:30.

На 31.05.2011 год. во 10 h. беше одржан состанок на Одделението за технички науки, на кој беше избран нов Секретар на одделението м-р Севде Ставрева.

На 01.06.2011 год. во 13 h. беше одржан состанок на Одделението за уметност, на кој беше избран нов Секретар на одделението м-р Марија Шамоска – Буџаковски.

На 03.06.2011 год. во 12 h. беше одржан состанок на Одделението за општествени науки, на кој беше избран нов Секретар на одделението д-р Дијана Христовска.

На 07.06.2011 год. во 12 h. беше одржан состанок на Одделението за лингвистика и литерарура, на кој беше избран нов Секретар на одделението проф. д-р Валентина Гулевска. Истиот ден во 13 h. беше одржан состанок на Одделението за правни науки, на кој беше избран нов Секретар на одделението д-р Никола Тунтевски.

Во 13:30 h. беше одржан состанок на Одделението за применети науки и медицина, на кој беше избран нов Секретар на одделението д-р Лилјана Кочанковска.

На 08.06.2011 год. започна втората обука за ЕКО-иновации “ЕИП” која ја следеа проф.д-р.сц.Борис Ангелков, дипл.инж. биот. Билјана Павлоска, дипл.ел.инж. Јован Јанков, м-р Марија Котевска и директорите од РЕК-Битола Радивчев Јани и Гоце Николовски. Елаборирани беа две проект-идеи во две посебни работилници. Обуката заврши во 16:30.

На 09.06.2011 год. обуката продолжи со елаборација на двете проектни идеи. Обуката ја водеа обучувачите Даниела Ринк (Daniela Rink) од Германија и Лариса Водеб (Larisa Vodeb) консултант од Словенија. Обуките се изведуваа во Битола и завршија со заклучок да двете проект идеи се доелаборираат и се достават како апликации до Министерството за економија до 17-ти Јули. Обуката заврши во 16:30.

На 09.06.2011 год. во 15:00 во посета на МНД беше дојдена група на француски студенти (23 студенти и 2 наставници) од “Enilia” од Универзитетот во Нант Франција. Претседателот на МНД Битола ги запозна со некои основни туристички карактеристики на градот Битола и Охрид, исто така ги информира за дејноста на МНД, и работата на Француската Алијанса во Битола. Студентите, исто така, беа во посета на неколку прехрамбени објекти во Битола.

Од 15 до 23.06.2011 год. се одржа втората обука за лобисти која ја водеа генералниот Секретар на Хрватското Друштво на лобисти од Загреб Иван Вуковиќ и м-р Маријан Танушевски. Кандидатите ги поздрави Претседателот на МНД Битола проф.д-р.сц. Борис Ангелков и ги запозна со некои размислувања за сиромаштијата во некои  земји. На крајот од обуката беа доделени и сертификати.

На 16.06.2011 год. беше промовирана најновата книга на хрватскиот Амбасадор во Р.Македонија проф.д-р.Златко Крамариќ под наслов “За Македонија”. Амбасадорот беше во посета на МНД, а исто така и кај Ректорот на Универзитетот “Св.Климент Охридски” -Битола.

На 25.06.2011 год. беше одржано дефиле на членовите на Здружението на лица со телесен инвалидитет “Мобилност”-Битола за кое нешто беше доделена Благодарница на МНД Битола како поддржувач на активностите на ова Здружение.

На 27.06.2011 год. во посета на МНД беше проф.д-р.Лили Стојановска дописен член на МНД, од Универзитетот во Мерлбурн. Во разговорот со Претседателот на МНД
проф.д-р.сц.Борис Англеков се покренаа две прашања за соработка:

  1. Организирање на стручно-научна родокрајна средба на нашите познати и признати стручњаци, истражувачи, научници, универзитетски наставници и др.
  2. Учество на Лили Стојановска во курсевите за нутриција што ќе ги организира Центарот за безбедност и квалитет на храна при МНД преку методата “Учење на далеку”

На 28.06.2011 год. во 21:00 се одржа свеченото отворање на летната сцена Амфитеатар “Тумбе Кафе” на кое настапи вокално-инструменталниот состав “Ad Libitum art”, кој што работи во рамките на МНД-Битола.Диригент д-р Екатерина Јосифовска.

На 29.06.2011 год. Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков изврши прием на преставникот на Сојузот за пензионери-Битола г-дин. Стево Бојаџиев за подоготовка на апликации преку Центарот за применти медицински науки на конкурсите FP-7 и USAID програмата.

На 29.06.2011 год претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков изврши прием на професорите Џеладин Мурати и Шакир Алити од Универзитетот во Тетово. Разговарано е за намерата во Тетово да се организира Друштво за наука и уметност и во тој контекст разговарано е за историјата на МНД и понудена им е помош при изготвувањето на нормативните акти.

На од 04 до 27.07.2011 год. во просториите на МНД се одржа курсот за HACCP: Вршење на Аудит во прехрамбената дејност. Курсот го посетуваа 4 слушатели:

Мимоза Кочовска, Игор Унчевски, Александра Сокароска и Билјана Павлоска. На крајот од обуката беа доделени сертификати.

На 15.07.2011 год. е испратена апликација изработена од Центарот за обука и примена и МНД-Битола за ЕУ Фондот “CIP eco-innovation” со наслов “Environmental protection by saving sanitary, technical – technological water and chemicals for cleaning and disinfection in food production (DRY cleaning) ”. Екипата за изработка на проектот ја сочинуваат поф.д-р.сц.Борис Ангелков м-р.Сузана Шулевска, дипл.инж.Билјана Павловска, дипл.психолог.Александра Сокароска и Елизабета Чашитовска. На 31.08.2011 год. според евалуационите резултати од страна на Селекциониот Комитет, Националниот CIP координатор и проектниот тим на Human Dynamics, оваа апликација е прифатена како една од вкупно три апликации, кои ке добијат понатамошна помош во изработка на проектот од страна на експертот г-ѓа Даниела Ринк.

На 15.07.2011 год. е испратена апликација изработена од центарот за енергетика и екологија за фондот “Elena” на ЕУсо наслов “District heating system for muncipalities of Bitola, Novaci and Mogila with thermal energy form TTP-Bitola ”. Со апликацијата е запознат Градоначалникот на Општина Битола г-дин.Владимир Талески. Во изработка на пликацијата учествуваа: дипл.ел.инж.Јован Јанков раководител на Центарот за екологија при МНД,дипл.инж. Јани Радивчев “Eлем” РЕК-Битола, Жанета Присаѓанец од “Металец”-Припеп, дипл.инж. Горан Неделков од Општина Битола и др.

На 19.07.2011 год. по разговорот со генералниор директор на РЕК Битола, договорено е да се обави разговор со Зоран Михајловски-од службата за техничка сигурност при РЕК-Битола, а во врска со Центарот за енергетика и екологија при МНД со цел да се превземе заедничка активност околу пошумувањето на површините на РЕК-Битола поврзано со “Стентон”-Битола. Договорено е да се изананализираат сите можности во РЕК-Битола за акцијата успешно да се организира оваа есен.

На 21.07.2011 год. во 08:30 е направена работна посета на Институтот за национална историја во Скопје, каде се водени разговори со директорот на Институтот г-дин.Тодор Чепреганов. На разговорот присуствуваа: Претседателот на МНД Битола проф.д-р.сц. Борис Ангелков, д-р Александар Литовски Секретар на Одделението за географија и историја и Здравко Божиновски член на МНД Битола. Разговарано беше за печатењето на материјалите од научниот собир “Битолскиот Руски Конзулат” Посетена беше и Амбасадата на Руската федерација и разговарано беше со Аташето за Култура г-дин. Александар Алексеев за печатењето на зборникот. Исто така беше посетен Генералниот секретаријат на Владата на РМ одделение за соработка со невладини организации каде е разговарано со г-ѓа Сузана Никодијевиќ и каде беа договорени наредните активности.Посетено беше претставништвото на USAID Македонија во врска со огласот за правење на анкета за демократските процеси.Посетена беше редакцијата на часописот “Незаборав” што го издава Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.Посетена беше МАНУ, во врска со организирањето на научно-стручниот собир “Образованието во 21-от век” и донирани се книги од изданијата на МНД за нивната библиотека.

На 22.07.2011 год. Друштвото го посети Славе Николовски –Катин член на МНД со кого беше разговарано за понатамошна соработка на часописот “Прилози” и за новиот научно-стручен собир “Образованието во 21-от век”.

На 22.07.2011 год. излезе од печат новиот двоброј на часописот на МНД “Прилози“ бр 13-14 и за тоа е известено целокупното членство.

На 15.08.2011 год.  Друштвото го посети проф.д-р Миле Миќуновиќ член на МНД кој депонира пет примероци од неговата најнова книга “Св.Јован Владимир” на која издавач е МНД. Монографијата има 152 страни, формат 30cm, отпечатени се 1.000 примероци и содржи голем број на илустрации.

Од 08 до 10.09.2011 год. се одржа “Семакедонска венчавка” која ја организираше Центарот за етнологија и фолклор при МНД. Венчавката беше прогласена за отворена од страна на Градоначалникот г-дин Владимир Талевски и Секретарот на Митрополијата Протојереј ставрофор Никола Грамбозов, како овластен од Преспанско-Пелагониската епархија. На венчавката учествуваа 13 брачни двојки од повеќе градови на Републиката и од Р.Албанија. Венчавката се одржа во црквата “Св Димитрија”.Во културно-забавниот дел учествуваа познати уметници и културно уметнички друштва. Кумството го превзеде фирмата “Стентон Градба”-Битола.

На 09.09.2011 год. во посета на Друштвото дојде сопругата на покојниот новинар Спиро Мачевски чија монографија минатата година ја издаде МНД. Таа депонира два примероци од оваа монографија за библиотеката на Друштвото.

На 12.09.2011 год. Претседателот на МНД Битола со соработничките Александра Сокароска и Билјана Павлоска беа во посета на НУУБ „Св.Климен Охридски“- Скопје и депонираа: 25 монографии на прим. д-р сц.Димитар Котевски , и по 40  Библиографии 1990-1995; Библиографија 1995-2010. Исто така, го посетија Министерството за култура-Скопје поради склучување на договор за откупени книги по оглас. Тие зедоа учество и на Инфо денот на FP-7 програмата на Технолошко-миталуршкиот Факултет.

На 16.09.2011 год. се одржа 51-та седница на Управниот Одбор на МНД на која членовите беа информирани за поднесените апликации за SOROS, USAID и CIP и за организирањето на “Родокрајна средба”.

На 19.09.2011 год. во 11:30 се одржа состанок на програмскиот комитет на научно-стручниот собир “Образованието во 21-век”.На состанокот беа присутни Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков, проф.д-р.Цветко Смилевски,

д-р.Дијана Христова, проф.Емилија Костурски, проф.д-р.Викторија Петковска каде беше извршена поделба на одговорностите по секции.

На 21.09.2011 год.  беше одржана манифестација во чест на Меѓународниот ден на мирот. На маршот учествуваше Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Ангелков и други поединци-членови на МНД.

На 23.09.2011 год. во 20:00 отпочна манифестацијата “Ноќ на истражувачите” која традиционално ја организира Уневерзитетот “ Св.Климент Охридски” –Битола. На овогодишната манифестација за прв пат е покането и МНД-Битола да учествува со само еден штанд . Управниот Одбор одлучи на оваа манифестација да настапи
прим.д-р.сц.Петар Аврамовски за да ги презентира своите дваесеттина патенти, рационализации и иновации во областа на медицината, кои во изминатиот период се вреднувани  и на меѓународно ниво.

На 26.09.2011 год. во официјална посета на МДН дојде м-р.Разме Кумбароски-директор на Медитеранска Академија “Браќа Миладиновци”-Струга. Причина за посетата беше воспоставување на поголема и поефикасна соработка помеѓу МНД и оваа Академија. Имено предложи по повод “4-ти Ноември” да се организира поетска вечер со познати творци од целата држава во Битола, за што достави писмено барање и предлог,кои беа доставени до Општината но не беа прифатени.

На 26.09.2011 год. излезе од печат книгата “Основи на хрирургијата”  од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола. Книгата содржи 442 стр., фромат 24cm, и отпечатена е во 500 примероци со голем број на илустрации во боја.

На 27.09.2011 год. во неформална посета на МНД дојде писателот Панде Манојлов-еден од постарите членови на МНД, кој што донесе една несекојдневна пријатна вест  дека негови стихови преведени на англиски јазик се објавени во палестинскиот часопис “Palestine chronicle”. Овие песни се превземени и во други арапски весници и во еден француски весник.

На 03.10.2011 год. е испратена апликацијата за FP7 програмата на тема “Здравство”, подтема: “Активно, здраво и квалитетно стареење ” апликацијата ја подготвуваа членовите на тимот: Претседателот на МНД проф.д-р.сц.Борис Англеков,дипл.инж. Билјана Павлоска, дипл.псих. Александра Сокароска, д-р Христо Бојаџиев, д-р Љилјана Кочанковска, д-р Стево Бојаџиев, прим. д-р Петар Аврамовски, д-р Валентина Талеска и дипл.ецц. Стево Бојаџиевски. На 09.12.2012 год. МНД Битола беше известена за иницијалниот резултат од субмисијата на проектот-резултатот беше негативен.

На 11.10.2011 год. во 20:00 во клавирската сала на Завод музеј и галерија Битола, а во рамките на фестивалот на класична музика “Интерфест” настапи м-р.Марија Шамоска-Буџаковски-Секретар на одделението за уметност при МНД. Концертната сала беше исполнета до последното место.

На 25.10.2011 год. во малата сала на Домот на културата беше одржана Трибина за енергетската ефикаснос и заштеда на електрична енергија во организација на ДООЕЛ “Лајт Елком”-Битола, на која трибина присуствуваше  Претседателот на МДН

проф.д-р.сц.Борис Ангелков и Претседателот на Центарот за енергетика и екологија дипл.ел.инж. Јован Јанков.

На 26.10.2011 год. во посета на МНД беа г-дин.Живко Паришко со неговата сопруга Фанија Паришко, кои предложија донација на книгата “Научно-методски системи и интерпретитативна дејност на трубите” од д-р Благој Ангеловски во 30 примероци и ЦД со 12 композиции во интерпретација на покојниот автор. Тие ја понудија и богатата збирка на партитури, ноти и музички материјали за трајно користење на МНД.

На 27.10.2011 год. во 15:00 во салата на Здружението на пензионери се одржа предавање на тема “Остеопороза” од страна на д-р.Елизабета П. Рамова-член на МНД. Предавањето беше во организација на Центарот за применета медицина. На предавањето беа присутни околу 100 жени-пензионери.

На 28.10.2011 год. Претседателот на МНД Битола со соработничките дипл. псих. Александра Сокароска и дипл.инж. Билјана Павлоска присуствуваа на еднодневниот семинар: “Зголемување на капацитетите на правните субјекти за безбеднос и здравје при работа” во хотел “Салида”-Прилеп.

На 07.11.2011 год. во 13:30 се одржа вонредна седница (52-ра) на Управниот Одбор на МНД. Како најзначајна точна на  Дневниот ред беше усвојување на текстот на демаршот на МНД кон ЕУ по повод последниот извештај во кој е изоставена придавката “македонски”, кој е доставен до Штефан Филе-еврокомсарот како и до сите домашни медиуми.

На 07.11.2011 год. излезе од печат книгата “Статии за македонската национална историја, македонската борбена поезија, заштитата на македонскиот јазик и друго” од проф. Здравко Божиновски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 304 стр., фромат 23 cm, и отпечатена е во 500 примероци.

На 09.11.2011 год. МИА го објавува демаршот на МНД кон ЕУ по повод последниот извештај во кој е изоставена придавката “македонски”.

На 10.11.2011 год. се одржа  Македонско-Албански форум во хотел “Капри” Битола како дел од европскиот проект “Интегриран одржлив менаџмент на околината со користење на систем за поддршка на одлучувањето”,но кој присуствуваше проф.д-р.сц. Борис Ангелков. На форумот настапи координаторот на проектот проф.д-р.Игор Неделковски, како и проф.др.Александар Маркоски, м-р Жанета Сервини, членови на МНД и др.

На 11.11.2011 год. излезе од печат книгата “Медицинска сексологија”  од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола. Книгата содржи 163 стр., фромат 21cm, и отпечатена е во 500 примероци.

На 14.11.2011 год. се одржа  “Саем на претприемачки идеи” во хотел “Милениум” во организација на БАС во партнерство со Тера ТВ и Регионалната стопанска комора. Студентите и постдипломците од БАС ги представија своите претприемачки идеи. Манифестацијата ја следеше проф.д-р сц. Борис Ангелков.

На 17.11.2011 год. група од 18 членови на Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот, беа во посета на Ансамблот “Благоја Павловиќ”-Војводина Р.Србија. Претставниците на Центарот разменија идеи и искуства важни за понатамошното фукнционирање на Центарот и договорија понатамошна професионална соработка. Посетата траеше до 23 Ноември.

На  18.11.2011 год. со почеток во 11:00 кај месноста-чешмата кај “Пожарната” се одбележи 67-годишнината од формирањето на Првата македонско-егејска НОУБ бригада, каде делегации од општината Битола, на политичките партии од Битола и на здруженијата на граѓани положија цвекиња на спомен обележјето. На ова одбележување присуствуваше Претседателот на МНД проф.др.сц.Борис Англеков.

На 18.11.2011 год. се одржа приредба и мини изложба на детски цртежи во малата сала на Центарот за култура-Битола во организација на Центарот за човекови права-АМОС. На овај настан присуствуваше Претседателот на МНД проф.др.сц.Борис Англеков, а го организираше м-р Сашо Кочанковски, член на МНД.

На 03.12.2011 год. се одржа свечено доделување на инвалидска количка на соработничката на ЦОБ Симона Јовевска, дипл.инж.биотехнолог како донација од клубот “Lions”-Битола, по повод 3-ти Декември-денот  на инвалидите во светот. На свеченоста присуствуваше Претседателот  на МНД проф.др.сц.Борис Англеков, по покана на Претседателот на организацијата на инвалидите на Битола прим.д-р.мед. Нико Јанков, член на МНД.

На 05.12.2011 год. се одржа промоција на четири книги од авторот проф. д-р Томе Груевски, во организација на „Битолски весник“ и МНД Битола. Промотор беше проф.др.сц. Борис Англеков, Претседател на МНД Битола. Промоцијата е изведена во малата сала на Центарот за култура-Битола.

На 05.12.2011 год. излезе од печат програмата и зборникот на трудови од третиот научно-стручен собир  “Образованието во 21 век”  во печатена и во електронска форма, во издание на МНД Битола. Книгата содржи 271 стр., фромат 23cm, и отпечатена е во 250 примероци.

На 06.12.2011 год. се одржа редовната 53-та седница на Управниот Одбор, каде беше поднесен усен извештај за извршените подготовки за претстојниот научно-стручен собир  “Образованието во 21 век” .

На 09.12.2011 год. во 10:00 во Центартот за култура-Битола се одржа третиот научно-стручен собир  “Образованието во 21 век” на кој учествуваа 170 учесници (автори и коавтори). На собирот гостуваа сегашниот Претседател на МАНУ, акд.д-р.Георги Старделов и

акд.проф.д-р.Владо Камбовски, новоизбраниот Претседател на МАНУ. Собирот беше со меѓународно учество (Р.Албанија, Р.Хрватска, Р.Србија и Р.Бугарија) како и учесници од цела Македонија(Скопје, Велес, Штип, Прилеп и Тетово).

На 16.12.2011 год. се одржа комеморативна академија по повод 90 години од смртта на Македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во организација на Одделението за историско-географски науки при МНД Битола. Конференцијата ја отвори Претседателот на МНД, проф.д-р.сц.Борис Ангелков, а на неа говореше д-р. Александар Литовски.