Одделение за природни науки
Викторија Стаматовска

Викторија Стаматовска

Одделение за природни науки

Проф. д-р Викторија Стаматовска е редовен професор на Технолошко-техничкиот факултет во Велес при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Активно е вклучена во реализацијата на наставата од првиот, вториот и третиот циклус на студии на сите студиски програми на матичниот факултет. Покрај наставно-образовната дејност, развива интензивна научноистражувачка активност како автор и коавтор на бројни научни и стручни трудови објавени во релевантни меѓународни списанија. Редовно учествува на престижни меѓународни конференции, има остварено повеќе академски мобилности на странски универзитети, а континуирано се усовршува преку обуки, семинари и симпозиуми. Исто така, активен учесник е во реализацијата на повеќе домашни и меѓународни научноистражувачки проекти. Професионалниот фокус е насочен кон прехранбената технологија, со посебен акцент на суровините и производите од растително потекло (овошје, зеленчук и житарици), како и на пекарските и кондиторските преработки. Посебно внимание посветува на иновациите во производството, контролата на квалитетот и развојот на функционална и органска храна. Следејќи ги современите трендови во науката за храна, интензивно работи на одржливоста и валоризацијата на нуспроизводите.