Родена во 1975 г во Битола. Основно и средно медицинско училиште заврши во Битола. Вишо образование завршено на Вишата Земјоделска школа – Битола на насока за преработка на анимални производи, во учебната 1996/1997 со просечен успех од 9.25 како прв и најдобар студент на првата генерација дипломирани студенти.
Високо образование стекнато на Факултетот за биотехнички науки во Битола во учебната 2005/2006 година и повторно прогласена за еден од трите најдобри студенти на генерацијата, каде од 2005-2008 година ангажирана е како демонстратор.
Магистерски труд одбранет на ФБН – Битола 2009 година.
Докторски труд изработен и одбранет на ФБН- Битола, 2016 год.
Автор и коавтор на повеќе од 30 научни труда.
Од академската 2017/2018 година ангажирана на МСУ Гаврило Романович Державин и избрана во звање –доцент, на Факултетот за безбедност при работа. На истата установа во академската 2018/2019 година е редовно вработена и ја извршува функцијата продекан за настава.
Од академската 2023/2024 година вработена на Технолошко-технички факултет во Велес, Универзитет ,,Св. Климент Охридски”- Битола, избрана за доцент на насоката за Прехранбена технологија и насока Нутриционизам. Раководител на Прехранбено -технолошки центар при Технолошко-технички факултет – Велес. Покрај нејзините предавања, таа менторира студенти и на додипломските и на постдипломските студии, поттикнувајќи ги да се вклучат во подлабоки истражувања во нивните соодветни области и инспирирајќи ги да наоѓаат нови иновативни решенија за специфични проблеми.
Истражува во областа на биотехничките науки, со посебен интерес за прехранбено инженерство, функционална храна, нутриционизам и квалитет и безбедност на храната од животинско потекло.
Член на Македонското научно друштво – Битола од 2010 г.
Претседател на Македонското научно друштво во 2 мандати од 2020-2024 година.