Одделение за општествени науки
д-р Горица Поповска Налевска

д-р Горица Поповска Налевска

Одделение за општествени науки

Д-р Горица Поповска Налевска е вонреден професор на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет, Свети Николе и Битола, каде што е ангажирана во наставна, научно-истражувачка и институционална работа. Од 2026 година ја извршува и функцијата проректор за настава и наука, со ангажман во развојот и унапредувањето на наставно-образовната и научно-истражувачката дејност на Универзитетот.

Докторирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализатор е на наставни предмети од областа на педагошките науки и тоа: Педагогија, Дидактика, Учење и поучување, Инклузивно образование, Доживотно образование, Образование на возрасни.

Автор е на повеќе од 50 научни и стручни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија и презентирани на научни конференции, како и на повеќе учебни и наставни материјали од областа на педагогијата и образованието. Нејзините истражувања опфаќаат теми поврзани со мотивацијата и учењето, образовната инклузија, развојот на учениците и студентите, наставните методи, креативноста, надареноста, дигитализацијата и современите предизвици во образованието.

Покрај академската работа, има долгогодишно искуство во реализација и координација на национални и меѓународни проекти од областа на социјалната и образовната инклузија, ангажирана како обучувач, координатор и ментор во проекти поддржани од Европската Унија, УНИЦЕФ, УНДП и други организации. Нејзиниот професионален ангажман е насочен кон унапредување на квалитетот на образованието, инклузивните практики и создавањето современи и достапни образовни можности.