Одделение за историско-географски науки
м-р Стефан Караџовски

Стефан Караџовски е роден на 05.03.1993год. во Битола. Основно и средно образование завршил во родниот град. Академското образование го продолжува на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, каде дипломирал во академската 2016/2017год., додека магистрирал во академската 2020/2021год. на тема од средновековната историја со посебен осврт кон Ватикан и државите од Централна Европа.


За време на неговите студии излегува со неколку статии, текстови и преводи во студентски списанија и зборници на реномирани институции. Во периодот 2016 – 2020год. учесник е на неколку домашни и меѓународни проекти и семинари. Во 2019год. добитник е на втора награда за ораторство во организација на МСУ „Гаврило Романович Державин“.