Одделение за општествени науки
Д-р Анета Христова

Анета Христова е доктор на дефектолошки науки. Родена e на 18.01.1970 г. Основно и средно образование завршила во Битола. Високото образование го продолжила на Дефектолошкиот факултет во Белград, каде што во 1992 г. дипломирала на смерот Логопедија, а 1994 г. и на смерот Олигофренологија. Со академскиот назив-магистер на дефектолошки науки се стекнала 2000 г. исто така на Дефектолошкиот факултет во Белград. Докторирала на Институтот за дефектологија при Филозофски факултет во Скопје на 17.06.2013 год. Работи како логопед во Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост во ООУ ,,Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.

Учествувала на голем број обуки, семинари, симпозиуми, конференции и конгреси. Добитник е на повеќе национални и европски награди за успешно завршени проекти. Автор е на 35 научни и стручни трудови, од кои дел е објавен во „Дефектолошка теорија и практика“, „Medicus“, „Epilepsija“, „Prilozi“, „European Psychiatry“, „Knowledge International Journal“.